Свет
Сара Палин се разведува од сопругот
Сопругот на поранешната кандидатка за потпретседател на САД, Сара Палин, Тод, поднесе барање за развод, наведувајќи „некомпатибилност на карактерите“, поради што смета дека е невозможно да продолжи да живее заедно со неа.
Тод Палин (55) во петокот во Врховниот суд во Анкориџ побарал развод по 31 година брак. Во барањето се наведени само иницијали, како и датумот на склучување брак и датумот на раѓање на нивниот 11-годишен син Триг.
Парот е во брак од 1988 година и имаат пет деца: Пекинг, Триг, Бристол, Вилоу и Пајпер. Во барањето за развод, Тод бара заедничко старателство над Триг, кој има Даунов синдром.
Сара Палин беше избрана за гувернер на Алјаска во 2006 година, а во 2009 година поднесе оставка од функцијата. Таа, исто така, се кандидираше заедно со поранешниот сенатор Џон Мекејн на претседателските избори во 2008 година, на крајот губејќи ги изборите од Барак Обама и Џо Бајден.
Тод Палин, иако ретко се појавуваше на насловните, имаше голема улога во политичкиот живот на неговата сопруга. Мејловите од 2011 година, објавени од еден американски медиум, покажуваат дека тој често комуницирал со високи државни службеници во Алјаска за широк спектар на теми, вклучувајќи разговори за потенцијални членови на одбори, употреба на државен авион, производство на нафта и бензин, понуди за гасовод, природни проблеми со Алјаска, планирање на буџетот и потенцијално вето на буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

