Свет
Сателитски снимки го покажуваат иранскиот танкер „Адријан Дарја“ закотвен на сирискиот брег
Наводни сателитски снимки објавени од американската компанија за вселенска технологија „Максар технолоџис“ покажуваат активност околу ирански танкер со нафта за кој се смета дека е закотвен во близина на брегот на Сирија, пренесува „Спутник“.
На фотографиите „Адријан Дарја 1“ се гледа покрај помалиот ирански танкер „Џасмин“ со јажиња за прицврстување меѓу бродовите и кран поставен на поголемиот брод. Фотографите беа објавени со тврдењето на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека „Адријан Дарја 1“ се подготвува за транспорт на нафта во Сирија.
„И покрај ветувањето на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Зариф, на Велика Британија дека „Адријан Дарја 1“ нема да доставува нафта во Сирија, сега пренесува нафта од сирискиот брег“, објави Помпео на Твитер.
Тој се осврна на фотографии од сервисот за следење „Танкер тракер“, кои се чини го покажуваат танкерот „Адријан Дарја 1 позициониран заедно со помал сириски танкер „Џасмин“ покрај брегот на Сирија.
„Ова не е потврда за каков било трансфер на нафта. Подоцна ќе ги споредиме фотографиите“, изјавија од „Танкер тракер“ на својата страница на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

