Свет
Саудиска Арабија погуби тројца војници за велепредавство
Саудиска Арабија во саботата погуби тројца војници кои биле осудени за велепредавство и соработка со непријателот на начин што ги загрозува кралството и неговите воени интереси, соопшти Министерството за одбрана на кралството, пренесува „Сауди прес ејџенси“.
Тројцата осуденици, Мохамед бин Ахмед, Шахер бин Иса и Хамуд бин Ибрахим, кои работеле за Министерството за одбрана, биле осудени пред специјализиран суд пред да им биде изречена смртна казна по кралска наредба.
Соопштението од Министерството се смета за ретка јавна објава во врска со воени егзекуции.
„Фактот што беа објавени имињата на погубените значи дека Саудијците сметале оти нивното однесување било исклучително дрско и, според тоа, достојно за примерена казна“, изјави Дејвид Дес Рош од вашингтонскиот Центар за стратешки студии во Јужна Азија и Блискиот Исток.
Министерството не даде детали за тоа кој е непријател иако егзекуциите биле извршени во јужната команда на војската, со седиште во близина на границата со Јемен, каде што кралството води шестгодишна воена кампања против движењето Хути, кое го зазеде главниот град Сана во 2014 година, пред да се формира де факто влада што контролира поголем дел од густо населените области во земјата.
Минатиот месец властите во Сана одржаа државен погреб за саудиски војник, кој преминал во вооружените сили на јеменските Хути и бил убиен за време на тековната битка за Мариб, која се интензивира во последните денови и е последното упориште на Саудиска Арабија во северот на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

