Свет
Саудиски министер: Не ни треба дозвола од САД за да го скратиме производството на нафта
САД не се во позиција да кажат што да прави ОПЕК или Саудиска Арабија, предупреди саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фалих, на прашањето за реакцијата на Доналд Трамп за спречување на производството на сурова нафта од страна на кралството или нафтениот картел, јави „Раша тудеј“.
„Не ми треба дозвола од која било држава кога станува збор за прашањето за производство на енергија“, вели Ал-Фалих.
Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како и сојузниците на картелите, се состанаа во седиштето на ОПЕК во Виена. 15-члената организација и не-ОПЕК партнерите, вклучувајќи ја и Русија, ќе преговараат за стрмни намалувања на производството, што би можеле да почнат во јануари.
Целта на мерката е да се контролираат глобалните цени на нафтата, кои забележаа драматичен пад од повеќе од 30 отсто во текот на последните два месеца ставајќи ги буџетите на нациите за извоз на нафта под значителен притисок.
Саудискиот министер за енергија истакна дека не поддржува никакви исклучоци од натамошно намалување на производството на нафта. Сепак, тој истакна дека сите учесници ќе бидат сослушани за да дојдат до консензус за ова прашање.
Претходно, Саудиска Арабија побара од ОПЕК и нејзините сојузници да го ограничат производството за најмалку 1,3 милион барели дневно или 1,3 отсто од глобалното производство. Наводно, учесниците дискутираа за идејата за намалување на производството в година враќајќи се на производствените квоти договорени во 2016 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати ги натера Саудиска Арабија и ОПЕК да го зголемат производството на нафта за да ги намалат цените на суровата нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите
Акционерите на „Тесла“ одобрија најголем пакет плата во корпоративната историја — речиси 1 билион долари — за извршниот директор Илон Маск. Планот предвидува доделување 12 транши акции ако компанијата ги исполни амбициозните цели во следните 10 години.
Маск би можел да ја зголеми сопственоста во компанијата од 13 на 25 проценти, а првата исплата би следела кога пазарната вредност на „Тесла“ ќе достигне 2 билиони долари. Целосниот пакет би се реализирал ако компанијата достигне 8,5 билиони долари вредност и 400 милијарди долари годишна добивка.
Оваа одлука доаѓа откако судот во Делавер минатата година го поништи претходниот бонус од 2018 година. Дел од инвеститорите изразија загриженост дека договорот му овозможува на Маск огромна добивка дури и без целосно исполнување на деловните цели.
Свет
Перу ја прогласи мексиканската претседателка за непожелна личност
Перуанскиот конгрес ја прогласи мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за „персона нон-грата“, неколку дена откако Перу ги прекина дипломатските односи со Мексико поради тоа што Мексико ѝ одобри азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавес.
Чавес, која била премиерка во времето на соборениот претседател Педро Кастиљо, се засолнила во мексиканската амбасада во Лима за да побара азил. Мексико соопшти дека азилот е даден согласно меѓународното право, одбивајќи ги обвинувањата на Перу дека станува збор за „непријателски чин“.
Перу го разгледува правниот основ — „Конвенцијата од Каракас“ од 1954 година — на која се повика Мексико.
Односите меѓу двете земји се затегнати уште од 2022 година, кога Мексико одобри азил на сопругата и децата на Кастиљо.
Бетси Чавес е обвинета за заговор во обидот за распуштање на парламентот и се соочува со казна до 25 години затвор.
Свет
Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност
Германската централна банка е загрижена за зголемувањето на нивото на долг во Европа и заканата што произлегува од тоа за германската финансиска стабилност.
Високите коефициенти на јавен долг и БДП во Европа, со тренд на зголемување, претставуваат ризик, смета Бундесбанк, додавајќи дека повисоките јавни трошоци и товарот на каматата ја поткопуваат одржливоста на долгот на поединечните земји.
„Германскиот финансиски систем е длабоко интегриран во европскиот, а со оглед на клучната врска помеѓу државата и банките, ова би можело да претставува значителен ризик за неговата стабилност“, објаснува членот на извршниот одбор на Бундесбанк, Михаел Теурер.
„Германските фискални регулативи неодамна беа изменети и не гарантираат долгорочна одржливост или усогласеност со фискалните регулативи на ЕУ, што може да бара прилагодувања на фискалната политика на среден рок“, додаде претставникот на Бундесбанк.
Меѓу ризиците, централната банка го издвои и ризикот за квалитетот на портфолијата на германските банки во претерано неизвесна средина.
Обемот на нефункционални кредити расте веќе некое време, главно поради проблеми во секторот за комерцијални недвижности. Банките сè повеќе мора да прават прилагодувања на вредноста на нивните кредитни портфолија, иако велат дека неотплатените кредитни обврски сè уште се „во рамките на управлива рамка“.
Проценката на Бундесбанк за влошување на макрофинансиското опкружување оваа година е поткрепена и од трговската и од економската неизвесност и од постојаните геополитички тензии.

