Свет
Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден
Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во Англија.
„Вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот и возот бил запрен во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата.
Службата за брза помош на Источна Англија започнала голема операција за инцидентот. Портпаролот изјавил дека голем број амбулантни возила, тактички команданти и нивниот тим за одговор на опасни подрачја биле на местото на настанот.
„Можеме да потврдиме дека превезовме повеќе пациенти во болницата“, додаде тој.
Еден сведок кој бил во возот раскажал како видел некого како се движи низ вагонот и ги предупредува другите: „Имаат нож, избоден сум“.
Multiple people stabbed on train in Huntingdon.
2 people arrested.Britain is under terror attack.
Our politicians are bringing more terrorists in UK, via plane 1st class.
Wake up! pic.twitter.com/vTGKIxRZip
— Tony 🇬🇧 (@TonyL_01) November 1, 2025
Сведокот изјавил за „Скај њуз“ дека човекот бил „екстремно крвав“.
„Тоа лице заврши колабирајќи на подот. Беше однесено во амбулантно возило речиси веднаш“, истакнал тој.
Други сведоци, исто така, велат дека ранети луѓе трчале низ возот, бегајќи од напаѓачот со нож.
„Подоцна, вооружени полицајци биле видени како го насочуваат оружјето кон човек кој стоел на перонот со голем нож“, рекол еден сведок.
Потоа човекот бил онеспособен со електрошокер и врзан.
Девет лица се во животна опасност по нападот. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“. Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и засега не е познат мотивот за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Директорот на ЦИА тајно ја посети Полска
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, оваа недела беше во ненајавена посета на Полска, каде што оствари разговори со високи безбедносни претставници во услови на зголемени тензии на источното крило на НАТО. Според извештајот на радиото RMF FM, цитирајќи извор во Вашингтон, Ратклиф се сретнал со полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш и координаторот на полските специјални служби, Томаш Сиемонијак.
Неколку полски медиуми ја потврдија средбата, но американската страна наводно побарала темите на разговорите да не бидат откриени. Ниту ЦИА ниту полското Министерство за одбрана официјално не ја коментираа посетата.
Иако деталите од разговорите не се познати, аналитичарите велат дека посетата доаѓа во време на постојани безбедносни загрижености во североисточна Полска, особено околу стратешкиот коридор Сувалки. Ова е тесен појас земја што ја поврзува Полска со балтичките држави и се наоѓа помеѓу руската енклава Калининград и Белорусија.
НАТО го смета коридорот Сувалки за една од најранливите точки на Алијансата во случај на конфликт со Русија. Западните претставници, особено од почетокот на руската инвазија на Украина, постојано ја нагласуваат важноста на разузнавачката соработка и планирањето во вонредни ситуации во тој регион.
Во последниве години, Полска значително ги зголеми своите трошоци за одбрана и е домаќин на зголемен број американски и НАТО сили, со што се позиционира како клучен сојузник на првата линија на одбраната во Европа.
Ненајавената посета на директорот на ЦИА затоа ја нагласува тесната разузнавачка координација меѓу Варшава и Вашингтон во време на постојана регионална нестабилност, иако двете страни не открија јавно детали за степенот на нивната соработка.
Свет
Мелони: Ако Трамп постигне мир во Украина, треба да биде номиниран за Нобелова награда за мир
Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прекине конфликтот во Украина за да може да го номинира за Нобелова награда за мир. Таа ја даде изјавата на прес-конференција по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува АФП.
„Се надевам дека еден ден ќе можеме да му ја доделиме Нобеловата награда за мир на Доналд Трамп. Ако успее да придонесе за постигнување праведен и траен мир во Украина, верувам дека би можеле да го номинираме за Нобелова награда за мир“, рече таа.
Во четвртокот, Трамп го претстави својот „Одбор за мир“, иницијатива првично дизајнирана за следење на прекинот на огнот во Газа и враќањето на територијата.
Во меѓувреме, иницијативата еволуираше во механизам насочен кон решавање на сите видови меѓународни конфликти. Италија е поканета да се приклучи на Одборот, но Мелони рече дека му рекла на Трамп дека Италија се соочува со „уставни проблеми“.
Свет
(Видео) Маск го исмеа Одборот за мир на Трамп
На Светскиот економски форум во Давос, Илон Маск се потсмеваше на новиот проект на американскиот претседател Доналд Трамп, Одборот за мир, користејќи игра на зборови за да ги доведе во прашање вистинските намери на таа иницијатива.
„Се прашував дали е peace (мир) или piece (парче). Знаете, мало парче од Гренланд, мало парче од Венецуела“, рече Маск со смеа за време на своето обраќање пред учесниците на форумот.
BREAKING: At the World Economic Forum in Davos, Switzerland, even Elon Musk is poking fun at Donald Trump's ridiculous "Board of Peace".
“I heard about the formation of the Peace Summit (Board of Peace), and I was like ‘is that P-I-E-C-E?’ You know, a little piece of Greenland,… pic.twitter.com/WxKJhbENLT
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) January 22, 2026
Трамп штотуку го основа Одборот за мир во Давос, тело кое треба да се занимава со решавање на меѓународни конфликти и кое веќе се опишува како можна алтернатива или паралелен формат на Обединетите нации.
Критиките веднаш беа насочени кон фактот дека Трамп е лично на чело на тоа тело и дека целиот проект е силно централизиран околу него.

