Свет
Светот влезе во 2019: Огномет, прослава и високи мерки на безбедност
Огномети, концерти, но и засилени мерки на безбедност го одбележаа влегувањето на светот во Новата година.
Први ја дочекаа жителите на островите Тонг, Самоа и Кирибати во поинезискиот триаголник.
Британците во Новата Година влегоа со традиционалниот звук на Биг Бен, иако часовникот не беше во функција повеќе од една година поради обновувањето на кулата.
Жителите на Париз и туристите се собраа на Авенијата Елисејски полиња за да ја дочекаат Новата 2019 година, под силно полициско обезбеудвање.
Антивладното движење „жолти елеци“ претходно преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да им се приклучат на празничните протести токму на тоа место.
Пред Брандербуршката порта беа собрани десетици илјади луѓе за да ја прославата Новата година, но исто така со зајакнати безбедносни мерки со околу 1.300 полицајци, распоредени низ германската престолнина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен
Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се симнаа од хеликоптерот и допливаа до човекот кој клечеше на врвот на ладилникот во Мексиканскиот залив.
Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
„Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручник Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.
„За да се разбере сериозноста на условите за ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час“, изјави таа.
Човекот го поправал својот брод во 3 часот наутро во средата, но се соочил со силни ветрови на враќање кон пристаништето. Условите брзо се влошија како што се приближуваше ураганот. Крајбрежната стража му нареди на човекот да облече спасувачки појас, но подоцна комуникацијата била изгубена.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.