Европа
Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“
Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот папа“ секогаш бил на страната на најранливите и дека со својот начин на живот, служба и сочувство ги инспирирал и верниците и неверниците во обид да создаде поправеден свет.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека папата Франциско ќе остане запаметен по неговите напори да изгради „поправеден, мирен и сочувствителен свет“.
Today, the world mourns the passing of Pope Francis.
He inspired millions, far beyond the Catholic Church, with his humility and love so pure for the less fortunate.
My thoughts are with all who feel this profound loss.
May they find solace in the idea that Pope Francis’… pic.twitter.com/FiI6SASNl8
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 21, 2025
„Денес светот тагува за смртта на папата Франциско“, напиша фон дер Лајен на Икс, набргу откако Ватикан ја објави неговата смрт.
„Тој инспирираше милиони, многу подалеку од Католичката црква, со својата понизност и чиста љубов кон помалку среќните“, продолжи таа.
„Моите мисли се со сите кои ја чувствуваат оваа длабока загуба. Нека најдат утеха во идејата дека наследството на Папата ќе продолжи да не води кон поправеден, мирен и сочувствителен свет“.
Реакции на Мецола, Макрон, Мерц
Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, рече дека „заразната насмевка на Франциско ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот“.
Europe mourns the passing of His Holiness Pope Francis.
His contagious smile captured millions of people’s hearts across the globe.
‘The People’s Pope’ will be remembered for his love for life, hope for peace, compassion for equality & social justice.
May he rest in peace 🇪🇺🇻🇦 pic.twitter.com/LsqYREynVP
— Roberta Metsola (@EP_President) April 21, 2025
„Народниот папа“ ќе остане запаметен по неговата љубов кон животот, надежта за мир, сочувството за еднаквоста и социјалната правда. Нека почива во мир“, напиша Мецола на Икс.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека за време на неговиот понтификат папата Франциско отсекогаш бил на страната на најранливите и најкревките и дека тоа го правел со голема понизност.
„Во ова време на војна и бруталност, тој имаше чувство за другиот, за најкревкото“, им рече Макрон на новинарите.
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц рече дека папата Франциско ќе остане запаметен по неговата „неуморна посветеност на најслабите во општеството“.
„Смртта на папата Франциско ме исполнува со голема тага“, напиша Мерц на Икс.
„Првиот Латиноамериканец кој седна на Светата столица ги допре луѓето ширум светот. Моите мисли во овој момент се со верниците ширум светот кои го загубија својот Свет Отец. Нека почива во мир“.
Пораки од Јужна Европа и Блискиот Исток
Смртта на папата Франциско „длабоко нè растажува, бидејќи не напушти голем човек“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Имав привилегија да уживам во неговото пријателство, неговите совети и неговите учења, кои никогаш не изневерија дури и во време на искушенија и страдања“, рече таа во изјавата објавена од нејзината канцеларија.
Lamento el fallecimiento del Papa Francisco. Su compromiso con la paz, la justicia social y los más vulnerables deja un legado profundo.
Descanse en paz.
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) April 21, 2025
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја изрази својата тага поради смртта на папата Франциско во понеделникот, пофалувајќи ја неговата посветеност на „мирот, социјалната правда и најранливите“, во порака на Икс, веднаш по објавувањето на неговата смрт.
Тој остава „длабоко наследство. Нека почива во мир“, додаде тој за аргентинскиот папа, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст.
Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека папата Франциско е „човек со длабока вера и бескрајно сочувство“.
„Тој со право придаде големо значење на зајакнувањето на врските со еврејскиот свет и промовирањето на меѓуверскиот дијалог како пат кон подобро разбирање и меѓусебно почитување“, рече Исак Херцог во пораката објавена од претседателскиот портпарол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

