Свет
Светските лидери упатија пораки со солидарност: Пожарот во Нотр Дам е голема трагедија
Бројни светски лидери и официјални лица упатија пораки за поддршка и солидарност со Французите по големиот пожар во катедралата во Нотр Дам во Париз.
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, истакна дека пожарот во познатата катедрала е голема трагедија.
„Тоа е трагедија за Франција, но исто така и за Шпанија и за Европа”, рече тој.„Огнот ја уништува архитектонската зграда стара над 850 години и ќе биде тешко да се заборави овој тажен момен т”. Со Франција сме”, напиша Санчез на Твитер.
Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, исто така порача дека пожарот ги погодил сите Французи, но и и сите Европејци.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, истакна дека чувствува длабока тага поради пожарот во катедралата Нотр Дам, додавајќи дека нејзините мисли и мислите на нејзиниот народ се со француските пријатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

