Свет
Светските научници открија од кога е присутен Ковид-19
Молекуларни биолози од Кина, САД и Европа споредиле гени од неколку десетици вируси најсродни со САРС-КоВ-2.
Тие откриле дека неговите претходни облици се раздвоиле од заедничкото еволутивно стебло на вирусот кај лилјаците мошне одамна, пред 40 до 70 години.
Тимот молекуларни биолози предводен од Дејвид Робертсон од Универзитетот во Единбург ја анализирал еволутивната историја на претходните облици на САРС-КоВ-2 со проучување на гените на неколку десетици вируси кои му се најсродни. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот „Нејчр мајкробајолоџи“.
Анализата покажала дека вирусите кои се сродни на САРС-КоВ-2 живеат во лилјаците веќе многу децении.
Овие вируси имаат заедничко потекло и способност да ги заразат клетките на цицачот, што го олеснува нивното пренесување на луѓето, а тоа би можело повторно да се случи во иднина, предупредуваат научниците.
До раздвојување на претходните облици на САРС-КоВ-2 од заедничкото еволутивно стебло на вирусот меѓу лилјаците во јужна и југоисточна Кина, дошло меѓу 1948 и 1969 година, додека до раздвојување на патогените на Ковид-19 и САРС дошло подоцна, меѓу 1952 и 1970 година.
Резултатите од ова истражување укажуваат на тоа дека вирусите САРС-КоВ-2 циркулираат во лилјаците во јужна Кина преку половина век, а нивната специфична структура, која им овозможува да се поврзат со рецепторите на површината на клетките на белите дробови на неколку различни видови, објаснува зошто двата слични вируса го заразиле човечкиот вид и предизвикале сериозна епидемија на респираторни инфекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

