Свет
Свршеницата на Кашоги бара од Трамп да ја обелодени вистината за убиството

Свршеницата на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги го повика американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја открие вистината за убиството.
На меморијалниот настан што се одржуваше во Лондон, Хатиџе Џенгиз изјави дека Трамп не смее да поддржува прикривањето на убиството на нејзиниот свршеник.
Во својот емотивен говор таа рече дека е благодарна за солидарноста на сите луѓе од светот.
„Сепак, длабоко сум разорачана од однесувањето на лидерите на некои земји, посебно САД“.
Џенгиз присуствуваше на настанот организиран во сеќавање на Кашоги кој беше во организација на медиумот „Мидл Ист монитор“ и форумот „Ал Шарк“.
„Јас се наоѓам во Лондон, но ги повикувам сите мажи и жени ширум светот: ве молам, да ја бараме правдата!“
„Кренете го вашиот глас за мојот сакан Џамал. Барајте помош од вашата влада за овие криминалци и политичари да одговараат пред законот“.
„Џамал ми беше свршеник, но тој беше мил човек, полн со љубов, беше новинар кој веруваше во демократијата и слободата во арапскиот свет“, изјави Џенгиз и додаде дека вакви случаи не смеат да се прикриваат.
„Да ја бараме правдата за Џамал и да ги поддржиме неговите идеали“, додаде Џенгиз.
Џенгиз посочи дека Кашоги сметал оти е негова должност да биде „глас на безгласните“ и дека тоа било само прашање на интелектуален интегритет, туку и морална одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.