Свет
Северна Кореја ги прекина преговорите со Јужна Кореја, нивниот претседател бил бесрамен
Северна Кореја ги прекина понатамошните преговори со Јужна Кореја и за тоа го обвини „дејствувањето на Јужна Кореја“, објави Би-би-си.
Одлуката ја донесе по вчерашниот говор на претседателот на Јужна Кореја, Мун џе-ин, по повод денот на ослободувањето на Кореја од јапонското владеење, во кој тој вети дека ќе го обедини Корејскиот Полуостров до 2045 година.
Претседателот Мун во говорот рече дека денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров е голем проблем и дека преговорите меѓу северот и југот на полуостровот биле целосно замрзнати.
Северна Кореја во соопштението ја доведува во прашање оправданоста на преговорите кога „Јужна Кореја продолжува со заеднички воени вежби со САД додека зборува за мирна економија или мирен режим“.
„Јужнокорејскиот претседател од една страна зборува за преговорите Север-Југ, а од друга вежба воени сценарија преку кои планира да уништи поголем дел од нашата војска за 90 дена. Тоа е навистина бесрамен човек”, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.