Свет
Северна Кореја го смени уставот и ја зајакна позицијата на Ким Џонг-ун
Севернокорејскиот парламент ги одобри измените во уставот што дополнително ќе ја зајакнат позицијата на претседателот Ким Џонг-ун.
Ким беше официјално прогласен за шеф на државата и главен командант на вооружените сили со новиот устав во јули, што некои аналитичари го толкуваа како чекор кон можен мировен договор со САД.
„Правниот статус на Ким дополнително е консолидиран за цврсто обезбедување на монолитното раководство на врховниот лидер во сите државни прашања“, рече претседателот на парламентот на Северна Кореја, Чои Рионг Хае, пренесува севернокорејската агенција КЦНА.
Според новиот устав, Ким е претседател на Комисијата за државни работи (САК), врховен управен орган основан во 2016 година, врховен претставник на целиот корејски народ, што значи претседател на државата, како и врховен воен командант.
Според претходниот устав, тој беше само врховен водач кој командуваше со целата вооружена сила.
Измените на уставот потврдуваат дека севернокорејскиот правен систем сега ќе го признае Ким за шеф на државата.
Новиот устав му овозможува да носи закони и важни уредби и одлуки и да назначува или отповикува дипломатски претставници во странски земји, пренесува КЦНА.
„Тој стана де факто шеф на државата“, вели Чеонг Сеонг-Чанг, научник од Институтот „Сеон“.
Аналитичарката Рејчел Минјунг Ли вели дека со дополнителното зајакнување на авторитетот, Ким Џонг-ун станал најмоќниот лидер во историјата на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Оставки во врвот на Би-би-си поради спорниот документарец со говорот на Доналд Трамп
Главниот директор на „Би-би-си“, Тим Дејви, поднесе оставка, а кусо потоа истото го направи и извршната директорка на „Би-би-си њуз“, Дебора Тернес, по жестоки критики за начинот на кој бил монтиран говорот на Доналд Трамп во документарец.
Пред новинарите, Тернес изјави дека Би-би-си не е институционално пристрасен, но дека презема лична одговорност за направените пропусти.
„Беше привилегија да водам тим од брилијантни новинари“, рече таа.
„Оставката ја поднесов затоа што одговорноста е моја, но Би-би-си останува најдоверлив извор на вести во светот“, додаде Тернес.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата платформа „Тру соушал“ ги нарече новинарите на Би-би-си „корумпирани и нечесни луѓе“, тврдејќи дека биле „фатени како го менуваат неговиот совршен говор од 6 јануари“.
Трамп им се заблагодари на медиумите што го откриле скандалот и изјави дека се работи за „страшна работа за демократијата“.
Документарецот емитуван една недела пред минатогодишните избори во САД, прикажал дел од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година така што се добива впечаток дека тој ги повикал своите приврзаници да „се борат“ и да одат кон Капитолот.
Во реалност, спорната фраза „ќе се бориме жестоко“ се појавува во сосема друг дел од говорот, а не непосредно пред повикот кон маршот – што предизвика обвинувања за манипулација.
Во својата порака до персоналот, Тим Дејви наведе дека одлуката е целосно негова. Тој призна дека имало грешки и дека како главен директор мора да ја преземе конечната одговорност.
Иако не го наведе скандалот како единствена причина, рече дека дебатата околу BBC News придонела кон неговата одлука.
Претседателот на корпорацијата, Самир Шах, го нарече ова „тежок ден“ и ѝ се заблагодари на Тернес за нејзината работа.
Министерката за култура Лиза Нанди му се заблагодари на Дејви за „водството во време на големи промени“.
Конзервативната политичарка Кеми Баденок изјави дека е „исправно што Дејви и Тернес презеле одговорност“, но додаде дека „културата на Би-би-си сè уште не се променила“.
Либералниот демократ Ед Дејви побара „нова страница и враќање на довербата“ во јавниот сервис, додека Најџел Фараж порача дека ова е „последната шанса за Би-би-си“ и дека е време за ново раководство од приватниот сектор.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Јапонија
Денес, Јапонија беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала, според податоците од Геолошкиот завод на САД.
Земјотресот, на длабочина од 11,2 километри, го погоди Јамада, крај брегот на источната префектура Ивате, околу 16.23 часот по локално време.
Според податоците од Јапонската метеоролошка агенција, земјотресот бил со јачина од 3 степени според јапонската сеизмичка скала од 7.
Нема извештаи за предупредување за цунами или материјална штета.
Еден ден претходно, земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Ивате на длабочина од 10 километри.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами, кое подоцна беше укинато.
Фото: принтскрин
Свет
Москва ги негира наводите дека Лавров ја изгубил довербата на Путин
Кремљ соопшти дека Сергеј Лавров активно работи како министер за надворешни работи на Русија со порака да се игнорираат шпекулациите на западните медиуми дека можеби ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин.
75-годишниот Лавров, ветеран дипломат познат по својот цврст стил на преговарање, отсуствуваше од голем состанок во Кремљ минатата недела, на кој требаше да присуствува. Исто така, Путин избра некој друг да присуствува на самитот на Г20 во Јужна Африка подоцна овој месец наместо Лавров, кој редовно ја извршуваше оваа функција во минатото.
Кремљ во петокот ги отфрли шпекулациите дека Лавров ја изгубил наклонетоста кај Путин откога напорите за организирање самит меѓу рускиот претседател и Доналд Трамп беа замрзнати минатиот месец.
„Ројтерс“ и други медиуми во тоа време објавија дека Вашингтон го откажал новиот самит откога министерството на Лавров испратило порака во која се вели дека Москва не е подготвена да отстапи од своите барања во врска со Украина.
Британскиот „Фајненшл тајмс“ цитирал извор, кој сугерирал дека исходот од разговорите на Лавров со Рубио го обесхрабрил Вашингтон.
Лавров во петокот изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио бидејќи двајцата ја разбираат потребата од редовна комуникација.

