Свет
Северна Кореја испука две ракети во морето

Северна Кореја испука два неидентификувани проектили во морето, соопштија вооружените сили на Јужна Кореја.
Јужнокорејските власти кажаа дека ракетите биле истрелани од севернокорејската провинција Јужен Пјонган во вторникот наутро кон водите на нејзиниот источен брег.
Не се дадени други детали, пренесува АП.
Лансирањето се случи неколку часа откако Северна Кореја рече дека сака да се „врати на нуклеарната дипломатија со САД“ на крајот на септември, ако Вашингтон дојде на преговарачката маса со нови, прифатливи предлози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мекгрегор: Трамп одби да ја финансира Украина за да го принуди Зеленски да преговара

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одби да ја финансира Украина за да го принуди украинскиот лидер Володимир Зеленски брзо да постигне мировен договор со Русија, изјави пензионираниот полковник на американската армија, Даглас Мекгрегор.
Во интервју за YouTube каналот Deep Dive, тој истакна дека американскиот претседател јасно ставил до знаење дека Киев е во позиција каде што ќе мора да преговара со Москва, во спротивно ќе се соочи со последиците.
„Трамп сака мир и просперитет за двете страни во конфликтот“, рече Мекгрегор, додавајќи дека новиот курс на Белата куќа е сигнал до Киев да престане да се потпира на поддршка од европските сојузници.
Според него, Трамп добро ја разбира потребата од подобрување на односите со Русија, што, како што изјави, не им се допаѓа на европските политичари. „Тој нема да го следи примерот на Европа и да ги слуша советите на британскиот премиер Кир Стармер или францускиот претседател Емануел Макрон“, истакна Мекгрегор.
Пензионираниот полковник заклучи дека „крајно време е Киев да престане да ги слуша европските политичари и да започне мировен процес за решавање на конфликтот со Руската Федерација“.
На 25 август, претседателот Трамп изјави дека САД повеќе не издвојуваат пари за помош на Украина, туку продаваат оружје исклучиво на сојузниците од НАТО, додека трошоците за конфликтот, како што нагласи, ги сносат европските партнери на Киев.
Фото: принтскрин
Свет
Кина: Неразумно е да се бара наше вклучување во разговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија

Кина денес изјави дека е „неразумно и нереално“ да се бара од земјата да се приклучи на разговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија.
Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, ги даде овие забелешки откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал за контрола на нуклеарното оружје со рускиот претседател Владимир Путин и дека сака Кина да се приклучи.
„Нуклеарните сили на Кина и САД воопшто не се на исто ниво, а стратешката безбедносна средина и нуклеарните политики на двете земји се сосема различни“, рече Гуо.
Кина се придржува до принципот дека нема прва да употреби на нуклеарно оружје и стратегијата за нуклеарна самоодбрана, рече тој, додавајќи дека Пекинг нема да учествува во трка во вооружување со која било земја.
„Земјите со најголеми нуклеарни арсенали треба сериозно да ги исполнат своите посебни приоритетни одговорности за нуклеарно разоружување“, рече Гуо.
Трамп им рече на новинарите во понеделникот, пред состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, дека „едно од нештата што се обидуваме да ги направиме со Русија и Кина е денуклеаризацијата и тоа е многу важно“.
„Мислам дека денуклеаризацијата е многу… тоа е голема цел, но Русија е подготвена да го стори тоа и мислам дека Кина ќе биде подготвена да го стори тоа. Не можеме да дозволиме нуклеарното оружје да се шири. Мораме да го запреме нуклеарното оружје. Моќта е преголема“, рече Трамп.
Министерот за надворешни работи на Малезија минатиот месец изјави дека Кина ќе потпише договор за забрана на нуклеарно оружје во Југоисточна Азија штом целата документација биде готова.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Министерот за транспорт на Турција се сними себеси како вози со 225 км/ч додека слуша музика: набргу беше казнет

Турскиот министер за транспорт е казнет за пребрзо возење кога објави видео од себе како вози на автопат со народни песни што ечат од неговиот автомобил под хаштагот #TurkeyAccelerates.
Во неделата вечерта министерот Абдулкадир Уралоглу сподели видео на интернет на кое се гледа како вози на автопат во близина на главниот град Анкара слушајќи народни песни и извадоци од говорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во неколку одделни видеа, на кои ненамерно се прикажува брзинометарот, може да се види како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на овој автопат во Турција е 135 км/ч.
Неколку часа подоцна Уралоглу го објави повторно видеото признавајќи дека бил казнет за пречекорување на дозволената брзина пишувајќи дека со споделувањето на видеото, тој го предизвикал тоа.
Türkülerle Ankara-Niğde Otoyolu hatırası… 📹🎶
Yorulduğumuzda Sn. Cumhurbaşkanımızdan ilham alıyor, “Yeterince çalışmadık” diyerek yolumuza devam ediyoruz…#TürkiyeHızlanıyor 🇹🇷 pic.twitter.com/iGToOlTpfD
— Abdulkadir URALOĞLU (@a_uraloglu) August 24, 2025
„Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара – Нигде и ненамерно го пречекорив ограничувањето на брзината за кратко време. Всушност, се осудив себеси со видеото“, напиша тој.
Казната, чија копија ја објави, покажуваше дека Уралоглу возел со 225 км/ч и бил казнет со 9.267 турски лири (190 евра).
„Отсега па натаму ќе бидам многу повнимателен. Почитувањето на ограничувањето на брзината е задолжително за сите“, изјави министерот.