Свет
Северна Кореја негира дека побарала од САД целосно укинување на санкциите
Северна Кореја ги негира тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пјонгјанг побарал целосно укинување на санкциите поради што пропаднал самитот во Ханој, истакна севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг-хо, по состанокот меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Тој рекол дека побарале само делумно намалување на санкциите во замена за оневозможување на својот главен нуклеарен комплекс. САД цврсто стои на ставот дека тоа не било случај на самитот во Виетнам.
По пропаѓањето на состанокот, Трамп изјави дека Ким понудил уништување на целиот комплекс Џонгбјон, истражувачки и производствен капацитет во срцето на нуклеарната програма на Северна Кореја, што претставува значаен предлог. Но, како што нагласи американскиот претседател, Ким побарал за возврат укинување на сите санкции на што САД не се подготвени.
Според севернокорејскиот министер, неговата земја понудила реални предлози, вклучително и уништување на целосниот комплекс Џонгбјон, под надзор на експерти на САД.
„Ова беше предлог за најголемата мерка за денуклеаризација која би можеле да ја преземеме во овој момент на доверба што ја имаме со САД“, рекол Ри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

