Свет
Северна Кореја објави фотографија: Првпат лансиравме нова стратешка ракета
Северна Кореја денеска соопшти дека првпат тестирала нова стратешка крстосувачка ракета „Пулвасал-3-31“ како дел од нејзините „редовни и задолжителни“ активности за развој и надградба на својот вооружен систем. Ракетата наречена „Пулвасал-3-31“ моментно е во развој и пробното лансирање немало влијание врз безбедноста на соседните земји, соопшти Корејската централна новинска агенција (КЦНА) додавајќи дека нема никаква врска со регионална ситуација.
„Пробното пукање е процес на постојано ажурирање на системот за оружје и е редовна и задолжителна активност на Генералната ракетна канцеларија и нејзините поврзани одбранбени научни институти“, соопшти КЦНА, без да открие детали за летот на ракетата.
Војската на Јужна Кореја вчера соопшти дека открила лансирање на неколку крстосувачки ракети од Северна Кореја кон Жолтото Море околу 7 часот наутро. Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја рече дека верува оти лансирањето тестирало надградба на способностите на постојните ракети.
Тоа е прво познато лансирање на крстосувачка ракета на Северна Кореја од септември 2023 година кога земјата тестира две стратешки крстосувачки ракети со долг дострел со лажни нуклеарни бојни глави кон Жолтото Море.
Крстосувачките проектили летаат ниско и маневрираат, што ги прави подобри во избегнувањето на ракетната одбрана. Минатата година Северна Кореја ги лансира стратешките крстосувачки ракети „Хвасал-1“ и „Хвасал-2“ за кои се верува дека се способни да носат тактичко нуклеарно оружје. Хвасал на корејски значи стрела.
Лансирањето на крстосувачката ракета не е директно кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, со кои се забранува употребата на технологијата на балистички ракети од страна на Северот. Но, тоа може да претставува сериозна закана за безбедноста на земјата бидејќи таквите проектили може да носат нуклеарни бојни глави.
Тие тврдат дека тестирале и подводен нуклеарен дрон.
Минатата недела, Пјонгјанг исто така тврдеше дека тестирал подводен дрон на нуклеарен погон во знак на протест против последните заеднички воени вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија. Северна Кореја ги засили тензиите на Корејскиот Полуостров со тестови на оружје и остра реторика во изборната година за Јужна Кореја и САД.
Јужна Кореја соопшти дека почнува масовно производство на извидувачки беспилотни летала на средна височина, со цел да ги распореди во 2027 година за да ги подобри способностите за надзор и да придонесе за одбраната на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

