Свет
Шведска и Велика Британија се плашат од избувнувањето на Третата светска војна, повикуваат на регрутирање цивили
Војната во Украина, конфликтот на Блискиот исток, заладените односи меѓу Кина и Тајван, како и неодамнешните воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен го зголемија стравот дека Третата светска војна може да избие во наредниот период.
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, минатата недела предупреди дека цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години и додаде дека, покрај вооружените сили, и голем број цивили ќе се мобилизираат и дека на владите е да воспостават системи за управување со тој процес.
„Мораме да разбереме дека мирот не е загарантиран. И затоа ние (НАТО) се подготвуваме за конфликт со Русија. Но, дискусијата е многу поширока. Воено-индустриската база и народот треба да разберат дека играат улога “, рече Бауер и предупреди дека работите нема да бидат „одлични“ во следните 20 години.
Европските лидери повикуваат на регрутирање цивили
Околу 90.000 војници на НАТО ја започнаа оваа недела најголемата воена вежба на блокот од Студената војна. Целта на вежбата е зајакнување на одбранбените капацитети и ефикасноста на соработката на членките на Алијансата.
Една од земјите што ќе учествува на вежбите, иако се уште не е членка на НАТО, е Шведска.
Шведскиот министер за цивилна одбрана неодамна предупреди дека граѓаните на земјата наскоро би можеле да се соочат со војна, а потоа ги повика сите да се приклучат на доброволните одбранбени организации во подготовка за потенцијален вооружен конфликт.
„Може да има војна во Шведска. Светот се соочува со безбедносни проблеми чии ризици се поголеми од било кое време од крајот на Втората светска војна. Дали размислувавте дали имате време да се приклучите на доброволна организација за одбрана? Ако не, почнете да размислувате“, рече неодамна министерот.
Друга земја која ги предупреди граѓаните за можна ескалација на конфликтот е Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.
Свет
Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово
Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува „Дојче веле“.
Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија, пред сѐ, зависи од условите што земјата членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан што се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, а за некои многу, многу долг.
Тој се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“.
„Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека затоа Германија ќе истрае да учествува во воените мисии „Еуфор“ и „Алтеа“.