Свет
Северна Кореја тестира нова хиперсонична ракета
Северна Кореја тврди дека успешно тестирала нова хиперсонична ракета наречена „Хвасонг-8“.
Државните медиуми наведуваат дека новата ракета е еден од петте најважни нови системи за оружје, планирани во петгодишниот план за воен развој.
Пјонгјанг ја квалификува новата ракета како стратешко оружје, што значи дека таков проектил може да носи и нуклеарни бојни глави, се наведува во извештаите на светските медиуми.
Тестирањето е нов показател за технолошкиот напредок во производството на оружје и покрај строгите меѓународни санкции.
Севернокорејската државна новинска агенција известува дека развојот на овој систем за оружје ја зголемил способноста на нацијата да се брани на секој начин и дека пробното лансирање ја потврдило успешната навигациска контрола и стабилност на проектилот.
Според експертите, хиперсоничните ракети се многу побрзи и поагилни од ракетите од претходната генерација, што значително ја отежнува ефикасната работа на непријателските системи за рано пресретнување и ракетна одбрана.
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, во јануари рече дека научниците завршиле со истражувањата во процесот на развој на хиперсонични ракети способни за успешно избегнување на системите за противракетна одбрана, а вчерашното тестирање беше првиот тест на таква ракета.
Набргу по лансирањето на новата хиперсонична ракета „Хвасонг-8“, севернокорејскиот пратеник Ким Сонг го бранеше правото на неговата земја да развива оружје.
Говорејќи на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, тој рече дека Северна Кореја гради национална одбрана со цел да се брани и сигурно да ги заштити безбедноста и мирот на земјата.
Јужна Кореја неодамна ја тестира својата прва балистичка ракета лансирана од подморница за која се вели дека е неопходна како средство за одвраќање на провокациите на Северна Кореја, а Пјонгјанг постојано го обвинува Сеул за двојни стандарди во однос на воените активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

