Свет
Северна Кореја ја лансирала едната ракета од подморница
Северна Кореја можеби ја лансирала едната балистичка ракета од подморница, јави новинската агенција „Јонхап“ повикувајќи се на Заедничкиот генералштаб на Јужна Кореја (ЈЦС).
Ракетата, за која се верува дека е СЛБМ (балистичка ракета лансирана од подморница), била лансирана од источниот брег во близината на Вонсан и прелетала речиси 450 километри.
„Нашата војска ја следи ситуацијата во случај на дополнителни лансирања и одржува подготвеност“, велат од ЈЦС повикувајќи го Пјонгјанг да престане со дејства кои само ги ескалираат тензиите на Корејскиот Полуостров.
Американските сили во Кореја соопштија дека се свесни за лансирањето.
„Свесни сме за извештаите за лансирање ракета на Северна Кореја. Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се консултираме со нашите сојузници во регионот“, рече портпаролот на американските сили.
Според јапонската влада, Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море. Една од ракетите стигнала до ексклузивната економска зона на Јапонија, во близина на префектурата Шимане. Нема извештаи за оштетување рибарски чамци. Севернокорејските проектили последен пат стигнаа до ексклузивната економска зона во Јапонија во ноември 2017 година.
Од јули 2019 година Северна Кореја редовно лансира балистички ракети со краток дострел. Во август Пјонгјанг изврши пет лансирања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026
Свет
Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
Ден на жалост во Сараево по трамвајска несреќа е прогласен од Владата на Кантонот Сараево откако трамвај излета од шините во централното градско подрачје, при што едно лице го загуби животот, а повеќе лица беа повредени, соопштија надлежните институции по одржаната вонредна седница.
Одлуката следуваше по силните реакции во јавноста и барањата трагедијата да биде официјално одбележана. Во несреќата животот го загуби 23-годишен студент кој се наоѓал на трамвајска постојка во моментот на инцидентот. Дел од повредените се задржани на болничко лекување, а за една малолетна девојка се наведува дека се здобила со тешки телесни повреди.
Надлежните органи отворија истрага за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до излетувањето на трамвајот. Институциите најавија дека по завршувањето на постапката ќе бидат соопштени дополнителни информации.
Со одлуката за Ден на жалост се предвидува знамињата да бидат спуштени на половина копје и да се откажат или одложат јавните настани на територијата на кантонот.

