Свет
Севернокорејскиот лидер го поканил Трамп на состанок во Пјонгјанг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, го поканил американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Пјонгјанг, објави јужнокорејскиот весник „Чунан Илбо“. Според весникот, поканата била содржана во писмото испратено од Ким до Трамп во втората половина на август.
Лидерите на двете земји досега се сретнаа три пати – во Сингапур и Ханој, како и во демилитаризирана зона меѓу Јужна и Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски научник: Извештајот на Трамп за климата е пародија на науката

Вчера повеќе од 80 научници го критикуваа извештајот за климатските промени на администрацијата на Трамп, осудувајќи ги методолошките недостатоци, манипулацијата со фактите и упатувањата на дискредитирани истражувања.
Документот, објавен од Министерството за енергетика кон крајот на јули, оспорува неколку научни консензуси за зголемувањето на екстремните временски настани, зголемувањето на температурите во Соединетите Американски Држави и штетните ефекти од емисиите на CO₂.
„Овој извештај е пародија на науката“, изјави Ендру Деслер, професор по атмосферски науки на Универзитетот Тексас А&М.
Во документот од повеќе од 400 страници, научниците ја истакнуваат употребата на „тактики слични на оние што ги користи тутунската индустрија“. Меѓу нив е и тврдењето дека високите концентрации на CO₂ во атмосферата се всушност корисни за земјоделството или дека закиселувањето на океаните не е толку голем проблем бидејќи животот еволуирал во кисели води.
Откако се врати на власт, Доналд Трамп го смени курсот во борбата против климатските промени, повторно повлекувајќи ја водечката светска сила од Парискиот договор за климата, поткопувајќи ги научните агенции и поништувајќи бројни мерки за заштита на животната средина.
фото: принтскрин
Европа
Захарова го нападна финскиот претседател: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за „победата“ над СССР во 1944 година се опскурантизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, прашувајќи се како е можно „Финците сè уште да го трпат тоа“.
Захарова ги даде овие забелешки во интервју на маргините на Источниот економски форум, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Реакцијата на Москва дојде откако Стуб во интервју за „Економист“ изјави дека Финска ја добила војната со Советскиот Сојуз во 1944 година затоа што успеала да ја зачува својата независност.
„Погледнете ги изјавите на Стуб, претседателот на Финска. До што дојде тој? Дека тие, Финците, дури и не знам како Финците сè уште го толерираат, склучија договор со Русија, со Советскиот Сојуз, во 1944 година, а сега веќе дојде до точка дека Финска наводно извојувала победа над Советскиот Сојуз во 1944 година. Ова е генерално некаков опскурантизам, едноставно е исто како да се каже дека два пати два е четириесет и осум, разбирате ли?“ – рече таа.
Захарова додаде дека ваквите изјави се дозволени затоа што „денес тоа е посакувано“.
фото: принтскрин
Свет
Трамп кажа дека Путин и Кси се во заговор против САД, стигна одговор од Русија

Советникот на рускиот претседател Дмитриј Ушаков ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин, Ким Џонг Ун и Кси Џинпинг се во заговор против Америка.
Кога започна воената парада во Пекинг, Трамп напиша на неговата социјална мрежа: „Нека претседателот Кси и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите топли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека кроите заговор против Соединетите Американски Држави.“
На прашањето за овие изјави, Ушаков одговори: „Сакам да кажам дека не се планирани никакви заговори, никој не крои заговори, воопшто нема заговори, а згора на тоа, ниту еден од овие тројца лидери дури и не помислил на такво нешто.“
Тој додаде: „Можам да кажам дека сите ја разбираат улогата што ја играат Соединетите Американски Држави, сегашната администрација на претседателот Трамп и самиот претседател Трамп во денешната меѓународна динамика.“
фото: принтскрин