Европа
Севернокорејците не се видени во Курск со недели, велат јужнокорејските разузнавачи
Севернокорејските сили распоредени во рускиот регион Курск не учествуваат во борби од средината на јануари, изјавија денеска за АФП јужнокорејските разузнавачи потврдувајќи ги претходните украински извештаи.
„Се чини дека од средината на јануари севернокорејските сили распоредени во регионот Курск во Русија не учествуваат во борбите“, соопшти јужнокорејската Национална разузнавачка служба. „Една причина може да биде големиот број жртви, но точните детали сѐ уште се истражуваат“, додаде изворот во изјавата.
North Korean infantry attacks Ukrainian positions in Kursk. This is yet another confirmation that it is not just “Ukrainian probelm.” When dictators joined to destroy a sovereign democratic country, it becomes the problem for the entire world. Because the next question is who is… pic.twitter.com/yUZ4zufo2e
— Roman Sheremeta 🇺🇦🇺🇸 (@rshereme) December 14, 2024
Украинската војска во петокот соопшти дека верува оти севернокорејските трупи, кои се борат заедно со руските војници на фронтот во регионот, биле повлечени откога претрпеа големи загуби.
Според Киев, 12.000 севернокорејски војници, меѓу кои речиси 500 офицери и тројца генерали, се распоредени во овој регион, каде што украинската армија од август окупира неколку стотици квадратни километри. Ниту Русија ниту Северна Кореја не потврдија дека овие војници ѝ се приклучиле на руската армија.
Според изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во декември, 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети од почетокот на нивниот ангажман за поддршка на Русија. Сеул ги проценува тие загуби на приближно 1.100.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

