Свет
Седуммина загинати во експлозија на бомба во верско училиште во Пакистан
Најмалку седум лица загинаа, а над 80 се повредени во експлозија на бомба во медреса во пакистанскиот град Пешавар, соопштија полициските и здравствените власти. Досега никој не ја презел одговорноста за експлозијата на бомбата во градот, пренесува „Ројтерс“.
„Експлозијата се случи за време на наставата за Куранот. Некој донесе кеса (со бомба) на религиозниот семинар”, изјави полицискиот службеник Вакар Азим за „Франс прес“.
Тој додаде дека лицето што ја донело бомбата го напуштило местото непосредно пред експлозијата.
Началникот на полицијата во Пешавар, Мохамад Али Гандапур, за „Ројтерс“ изјави дека бомбата содржела шест килограми експлозив.
Директорот на градската болница, Тарик Бурки, најпрвин рекол дека четири од седум жртви биле деца, но потоа изјавил дека сите биле возрасни, а меѓу ранетите имало и четири деца.
Нападот се случи по неколкумесечен релативен мир во Пакистан и особено во Пешавар, каде што нападите се случуваа секојдневно, но безбедноста значително се подобри.
Екстремистичкото насилство е значително намалено во Пакистан по неколку воени операции во племенските зони што се граничат со Авганистан. Но, постојат групи што сè уште може да извршат напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

