Свет
Секој може да предизвика војна, но само најхрабрите создаваат мир, порача Трамп
Американскиот претседател на прес-конференција по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун рече дека двајцата се согласиле, меѓу другото, за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Тој нагласи дека Северна Кореја веќе почнала со спроведување на тој процес.
„Секој може да создаде војна, но само најхрабрите создаваат мир“, порача Трамп.
Претседателот на САД ги нарече преговорите со својот севернокорејски колега чесни, директни и продуктивни.
„Севернокорејците се многу талентиран народ… Живееме во свет каде што Севернокорејците во светот ќе може да се обединат…“, рече Трамп.
Американскиот претседател истакна дека Ким Џонг-ун веднаш ќе започне процес што ќе усреќи многу луѓе во светот.
„Тој навистина е талентиран. Човек што презема власт на 26 години мора да е талентиран и способен. Неговите специјални родители ми беа пријатели“, нагласи Трамп.
Претседателот на САД додаде дека Ким сака повеќе од него да го постигне ова за што денеска разговарале и потпишале документ.
„Ова немаше да се случи ако немавме добар тим“, порача Трамп.
Меѓу другото, американскиот претседател рече дека некои од темите на разговор биле и човековите права за кои ќе продолжат да разговараат и понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

