Свет
Семејството на убиената новинарка од Малта бара јавна истрага

Семејството на убиената новинарка од Малта, Дафне Каруана Галиција, повикува на целосна истрага за нејзината смрт, за да утврди дали можело да се направи нешто повеќе за да се спаси нејзиниот живот.
Синот на истражувачкиот новинар Галиција, која беше убиена на 16 октомври минатата година од бомба која беше подметната во нејзиниот автомобил, за Би-Би-Си изјави дека истрагата за нејзината смрт е премногу тесна и фокусирана само на начинот на кој таа беше убиена.
Според нејзиниот син, не се отворило прашањето кои стои зад убиството. Нејзиниот син веднаш по бомбашкиот напад над нејзиниот автомобил, го осуди нападот и Малта ја нарече мафијашка држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Европа се соочува со три опасности од војната во Иран

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека војната против Иран би можела да има сериозни последици за Европа. Доколку Иран како држава се распадне, конфликтите, како што рече тој, би се прошириле во соседните земји, предизвикувајќи голема безбедносна криза.
Орбан ги даде овие забелешки во радио интервју во петокот, неколку дена пред САД да ги поддржат израелските воени напади врз иранските нуклеарни постројки.
Според Виктор Орбан, војната во Иран претставува три специфични закани за Европа:
Првата е зголемен ризик од терористички напади, бидејќи радикалните групи би можеле да го искористат хаосот за да ги прошират своите активности.
Втората закана е нов бран на миграција, бидејќи илјадници луѓе би можеле да избегаат од регионот разурнат од војна кон европските граници.
Третата опасност се однесува на зголемувањето на цените на енергијата, со оглед на тоа што Иран игра клучна улога во глобалната трговија со нафта, а секое нарушување би можело да предизвика енергетски шок и економски последици низ цела Европа.
Во интервју за радио станицата Кошут, Орбан објасни зошто Иран е особено чувствителна област. Рече дека тоа е земја со повеќе од 90 милиони жители, силна армија и сложена нуклеарна програма. Иран, како што објасни Орбан, има и стратешка позиција бидејќи го контролира теснецот низ кој минува значаен дел од светската трговија со нафта.
Сепак, тој предупреди и за сложената етничка структура на земјата.
„Иран е дом на многу етнички групи. Доколку централната влада ослабне или се распадне, целата земја би можела да се распадне по етнички линии, отворајќи ја вратата за поширок регионален хаос“, вели премиерот.
Орбан особено го истакнува примерот на Азербејџан.
„Иако Азербејџан има население од 10 милиони, уште 20 милиони Азербејџанци живеат на иранска територија. Нестабилноста во Иран би можела да поттикне сепаратистички движења или конфликти во други земји во регионот, вклучително и Пакистан“, вели тој.
Според Орбан, вистинската закана не е само војната, туку опасноста регионот да стане целосно непредвидлив и надвор од контрола, што би имало директно влијание врз Европа.
Свет
Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.
Агенцијата наведува дека информирани извори објавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака.
По нападот, според истите извори, биле воведени засилени безбедносни мерки на главниот влез во базата.
Се наведува дека засега нема информации од каде дошол нападот.
Дополнително се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на готовност, подигнати се неколку американски хеликоптери, а американски војници ја пребарале областа околу објектот.
Свет
Расте бројот на жртви по нападот на бомбаш самоубиец во црквата во Дамаск

Бројот на загинати во нападот на бомбашот самоубиец во црквата Свети Илија во Дамаск се искачи на 25, додека 63 лица се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство.
Министерството соопшти дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот е припадник на Исламската држава, пренесе сириската државна агенција Сана.
Таа терористичка организација се уште не ја презела одговорноста за овој напад. Сириските медиуми јавуваат дека безбедносните сили воспоставиле безбедносен кордон околу местото на експлозијата.