Економија
Сериозно се зголемуваат последиците од санкциите – Европските залихи на дизел на најниско ниво од 2008 година
Рускиот вицепремиер зборуваше по повод поскапувањето на нафтата и гасот и санкциите кои ја погодија Русија.
„Рускиот енергетски комплекс работи стабилно, испорачува производи на светскиот пазар и покрај санкциите на непријателските земји и вистинската економска војна“ – изјави Александар Новак, вицепремиер на Русија.
„Зголемувањето на цените на енергијата во случај на санкции против руската нафта и гас може да биде непредвидливо, а без руските јаглеводороди ќе има колапс“ – додаде Новак.
„Американското ембарго за увоз на нафта и нафтени деривати од Руската Федерација придонесе за поскапување на горивата во САД за 19 отсто, иако руските испораки таму се мали“ – рече Новак.
„ Цената на гасот во ЕУ, која на своја сметка се откажа од „Северен тек 2“, достигна 4.000 долари, што не е граница, бидејќи постојат ризици да не се полнат подземните складишта за гас – рече Новак и додаде дека недостигот дизелот во ЕУ поради санкциите против Руската Федерација може да го дестабилизира пазарот во регионот, а Европа би можела да воведе норми и ограничувања за потрошувачката на гориво.
„Руската Федерација работи на зачувување на фирмите од кои решија да заминат странските сопственици. Можеби ќе можат да го вратат или да го продадат својот удел. Русија е убедена дека во повеќето случаи ќе се најде компромис за компаниите од кои решиле да заминат странските сопственици“ – изјави вицепремиерот на Русија.
„Европските резерви на дизел се на најниско ниво од 2008 година. Русија никогаш не ја користела енергијата како оружје, снабдувањето со гас во Европа е во согласност со договорите“ – додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

