Свет
Серија експлозии околу рускиот град Белгород, запалено складиште за муниција
Серија експлозии одекнале утрово во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, и додаде дека гори складиште за муниција.
Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка.
Русија овој месец ја обвини Украина за напад на хеликоптери во складиште за гориво во Белгород и за гаѓање неколку села во покраината.
Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Луганск, Суми и Харков, каде што се водат борби по нападот на Украина од страна на Русија пред два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот
Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.
Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.
Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.
Регион
(Видео) Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето
Полуматуранти од основното училиште во Долна Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.
На страницата на „Инстаграм“, „Подгорички времеплов“, е објавено видео од пожарот, каде што е наведено дека тој бил предизвикан од факел.
„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Долна Горица“, се наведува.
View this post on Instagram
Како што можете да видите на видеото, чадот е висок неколку метри и го зафатил самиот покрив на основното училиште „Владо Милиќ“ во Долна Горица.
Поради употреба на пиротехнички средства, училиштето било опожарено, а учениците се евакуирани поради пожарот, пишува порталот „Антена“.
Свет
(Видео) Највисока тревога поради вулкан: серија ерупции на островот во Индонезија
Индонезиските власти прогласија највисоко, четврто ниво на тревога во провинцијата Северен Малуку, по серијата ерупции на вулканот Ибу.
Вулканот Ибу, кој се наоѓа на оддалечениот остров Халмахера во источна Индонезија, еруптира првпат на 11 мај исфрлајќи колона од вулканска пепел висока 5.000 метри, според агенцијата ВНА, додавајќи дека значително зголемување на вулканската активност е снимено од средината на април.
На жителите што живеат во близина на Ибу и на туристите им беше препорачано да останат на безбедно растојание од четири до седум километри од вулканот и да носат маски за лице во случај на ерупција на пепел. Индонезија, архипелаг, дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.
Индонезија е склона кон вулканска активност бидејќи се наоѓа покрај Огнениот прстен, серија сеизмички раседи во облик на потковица околу Тихиот Океан. Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, кој еруптира повеќе од 21.000 пати во 2023 година.
Според официјалните податоци од 2022 година, на островот Халмахера живеат повеќе од 700.000 луѓе. Во април, вулканот Руанг во провинцијата Северен Сулавеси еруптира неколкупати принудувајќи повеќе од 12.000 жители да се евакуираат на блиските острови.