Свет
Се запали авионот во кој беше Меланија Трамп
Авионот, во кој беше американската прва дама Меланиja Трамп, беше принуден да слета по избувнувањето на огнот.
Според медиумите, авионот се приземјил од технички причини.
BREAKING: Plane carrying First Lady Melanie Trump returned to Andrews AFB due to mechanical issue, with a smell of fire and some smoke on board the flight.
— News_Executive (@News_Executive) October 17, 2018
Според извештаите, мирисот на оган и чад се чувствувал во авионот.
Новинарите што беа во авионот заедно со сопругата на претседателот на САД добија влажни крпи за да си го заштитат лицето од чад, пренесува порталот „Сан“.
Авионот во кој се наоѓаше Меланија Трамп требаше да лета за Филаделфија, но пилотот мораше да го смени курсот.
First Lady Melania Trump arrives at @Andrews_JBA to board USAF plane en route Philadelphia to address @TJUHospital conference on neonatal abstinence syndrome, which affects infants withdrawing from mother's use of narcotics. No turn and wave before boarding aircraft. pic.twitter.com/HEpnPS8aQU
— Mark Knoller (@markknoller) October 17, 2018
Според „Дејли мејл“, агентите што биле во државниот авион заедно со првата дама морало да интервенираат само 10 минути по полетувањето.
Според извори од самиот авион, немало паника меѓу патниците, но Меланија сепак не стигна на посакуваната дестинација.
Таа требаше да се обрати на конференцијата во болницата во Филаделфија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.