Европа
Се запали авион со американски војници на аеродром во Ирска

Авион со американски војници се запали денеска на ирскиот аеродром „Шенон“ непосредно пред полетувањето, поради што се прекинати сите летови на аеродромот, објави телевизијата РТЕ.
Службите за итни случаи беа повикани на местото на настанот и беа евакуирани сите патници и екипажот. Во инцидентот нема повредени лица, пренесува „Ројтерс“.
Менаџментот на аеродромот објави на „Твитер“ дека операциите се привремено прекинати по инцидентот со авионот „боинг 767-300“.
Flights temporarily suspended at Shannon Airport after plane carrying US troops forced to carry out emergency landing https://t.co/i4BKfeKEus pic.twitter.com/nKYtw2BRxt
— Independent.ie (@Independent_ie) August 15, 2019
Контролорите на летот забележале оган и чад од гумите на авионот од компанијата „Омни ер интернешнл“ додека се движел по пистата, пренесоа РТЕ и „Ајриш тајмс“.
„Омни ер интернешнл“ е приватна авиокомпанија која транспортира американски и странски војници и членови на нивните семејства низ целиот свет.
Во тек е отстранувањето на авионот од пистата за да може сообраќајот да продолжи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.
Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.