Свет
Се качиле на трактор да слават, приколката се превртела: трагедија на венчавка во Италија
Луисела Рока (53) загинала за време на свадбена веселба во областа Торино, Италија, кога била згмечена од трактор приколка.
Никој немаше да насети дека нешто ќе тргне наопаку на свадбата, особено на самиот крај на вечерта.
Неколку гости сакале да ја продолжат прославата во Вастапалија и за таа цел зеле стар трактор „фиат“ со приколка.
За време на патувањето, покрај патот Сан Себастијано, приколката се превртела на удолница и тракторот завршил во ендек. Повредени биле неколку гости, меѓу кои и Луисела.
Таа била единствената тешко повредена бидејќи била згмечена од возилото.
Веднаш била пренесена во болница, но три дена подоцна починала.
Беше медицинска сестра во болницата „Куорне“, во близина на Торино. Жената била мажена и мајка на две девојчиња. Таа со години водела и ресторан во Италија.
На социјалните мрежи се појавија многу пораки со сочувство, во кои се истакнува дека Луисела „секогаш била насмеана, позитивна и жена со добро срце“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

