Свет
Сѐ повеќе луѓе во Германија земаат кокаин: „Се доставува како пица“
Кокаинот некогаш бил статусен симбол на богатите.
Денес, го користат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици врз здравјето на граѓаните, пишува „Дојче веле“.
„Едвај постои социјална група во која не се користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависностите (ЗИС) во Хамбург.
Во изминатите десет години, според ЗИС, повеќе од двојно е зголемен бројот на возрасни во Германија што користат кокаин. Алармантно зголемување на бројот на корисници на кокаин регистрира и здравственото осигурување „Бармер“. Бројот на луѓе што примаат третман за злоупотреба на кокаин е тројно зголемен во изминатите десет години, тврди „Бармер“.
„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“. А колку масовно е зголемена потрошувачката на кокаин, покажува и анализата на канализацијата во германските градови. Откриени се зголемени концентрации на остатоци од кокаин. Полициските и царинските власти секоја година бележат зголемени количини запленета дрога. Во 2017 година во Германија беа запленети осум тони кокаин, во 2023 година веќе 43 тони – и сето тоа во реалноста е само дел од она што всушност завршува на пазарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ново пукање во Америка: едно лице во критична состојба
Едно лице е повредено во инцидент утрово во кој учествувала американската гранична патрола во јужниот округ Пима, Аризона, изјави портпаролот на шерифот на округот.
Пожарникарите на округот Санта Рита изјавија дека лицето е пренесено во критична состојба со хеликоптер во регионален центар за траума.
Околностите на пукањето во моментов се нејасни и нема информации дали некој од полицијата или граничната служба е повреден, според написите на локални медиуми.
Канцеларијата на шерифот на округот Пима и ФБИ помагаат во истрагата.
Ова пукање се случува три дена откако агентите на ICE го убија А.П. во Минесота и недели откако Рене Гуд беше убиен од полицаец на ICE.
Медиумите потсетуваат дека од септември минатата година, федералните службеници за имиграција застрелаа 12 лица.
Свет
Сјарто: Украина се вклучи во отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање
Украинскиот амбасадор во Будимпешта денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија поради обидите на Украина да се меша во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, кога јасно му беше кажано дека таквите обиди нема да бидат толерирани, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој ја повика Украина да престане да се меша во унгарската изборна постапка во корист на опозициската партија Тиса, како и да го почитува суверенитетот на Унгарија.
„Владата нема да толерира никакво мешање во унгарските избори, вклучително и обидите на Украина да се меша во изборниот процес во корист на партијата Тиса“, рече Сијарто, објави МТИ.
Сијарто рече дека Украина во последните недели се вклучила во „отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање“ со цел да ѝ помогне на опозициската партија Тиса да победи на изборите на 12 април.
„Нашиот заменик-министер недвосмислено му кажа на амбасадорот дека Унгарија ќе го заштити својот суверенитет со сите средства што ѝ се на располагање, дека ќе го заштити правото на Унгарците да бидат единствените што одлучуваат за иднината на Унгарија“, истакна Сијарто.
Тој изјави дека Тиса „веднаш ќе го одобри пристапувањето на Украина во ЕУ“ ако победи на изборите.
„Одлуката за иднината на Унгарија се носи во Унгарија, а не во Брисел, а сигурно не во Киев“, истакна Сијарто.
Свет
Детскaта караница може да ја реши „таткото“ на европските земји – САД, вели Дмитриев
Дебатата меѓу шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е детска караница, која може да ја реши „таткото“ на европските земји – Соединетите Американски Држави, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.
„Кога децата се караат, „таткото“ го решава тоа“, напиша тој на социјалната мрежа Икс, коментирајќи ги зборовите на францускиот министер за Европа и надворешни работи, пренесува Спутник.
Претходно, Баро на социјалната мрежа Икс ги отфрли тврдењата на Руте дека Европа не може да се одбрани без помош на САД.
„Дури и САД се согласуваат со тоа. Ова е европскиот столб на НАТО“, напиша шефот на француската дипломатија.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса тврдеше дека Европа не може да се одбрани без САД и дека оние кои веруваат дека тоа е можно, грешат. Во исто време, Руте рече дека смета дека е фер и соодветно Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, потсетуваат медиумите.

