Европа
(Видео) Се преврте брод во Дунав- седум лица загинаа, 21 се водат за исчезнати
Најмалку седум лица загинаа, а 21 лица се водат за исчезнати, кога синоќа во унгарскиот главен град, Будимпешта, се преврте туристички брод,објавија унгарските медиуми.
They are still searching for people from the water @guardian @BBCBreaking @AlJazeera @euronews
.
.
.
.#budapest #news #BreakingNews pic.twitter.com/F1bvAoWI3c— Gabriel Guita (@gabrielguita_) May 29, 2019
Национална новинска агенција МТИ наведува дека во бродот се превезувале 33 туристи од Јужна Кореја, а на бродот имало и двајца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека се исчезнати 19 Корејците и дека во Унгарија планираат да испратат свои претставници.
At least 3 people have died and 16 are missing after a tourist boat crashed and sunk in the Danube River in Budapest pic.twitter.com/m5k4l20gdL
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) May 30, 2019
Портпаролот на туристичката агенција која ја организирала турата на Дунав, Ли Санг- мо, рече дека меѓу исчезнатите има бареме едно дете. Бродот „Сирена” бил закотвен во близина на зградата на унгарскиот парламент и наводно во него удрил друг туристички брод, по што се превртел во реката, во која имало силни струи по големото невреме што ја погоди Будимпешта.
Според податоците на унгарскиот портал Index.hu, едно лице е пронајдено на повеќе од три километри од местото на потонување на бродот. Иако било во лоша состојба, спасителите успеале да му го спасат животот.
Потонатиот брод е пронајден во 2:30 часот кај мостот Маргарет. Во тек е спасувачка акција во која учествуваат десетина бродови. Целиот речен сообраќај во Будимпешта е запрен, а силните струи, како и ниските температури на водата, го отежнуваат пребарувањето по преживеаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

