Свет
Се преврте училиштен автобус во Ирска: голем број повредени деца; „Ги слушнав како врескаат“
Четири лица се во болница кога училиштен автобус со 43 ученици излетал од пат во Северна Ирска, соопштија болничарите.
Службата за брза помош на Северна Ирска (NIAS) објави дека прогласила голем инцидент по несреќата во Кароудор, округот Даун, во која автобусот заврши во поле на неколку метри од патот.
Покрај голем број ученици со полесни повреди, на самото место им е укажана помош и на осум лица со посериозни повреди, а четворица пациенти се на болничко лекување, соопшти итната помош.
Мајката на 12-годишното момче, кое добило повреда на главата и е ученик на колеџот Strangford Integrated, опишала дека слуша „ученици како врескаат на телефон кога возилото се превртело“, пишува „Индипендент“.
„Автобусот удри во столб и почна да кочи, се спушти по овој рид. Само почна да се тресе. Ги затворив очите, а потоа ги отворив и бев на подот“, рече Дилан Ли, кој седеше на катот од автобусот.
„Потоа дојде еден човек со чекан и сите прозорци беа скршени за да можеме да излеземе. Лазев под работите што беа расфрлани, како училишни чанти“, рече тој.
Пожарникарите, вклучително и специјалистичка екипа, притрчаа да помогнат, а полицијата ги повика возачите да ја избегнуваат областа бидејќи информираа дека полицајците се на местото на настанот.
Во соопштението на итната помош се наведува дека во автобусот имало 43 ученици, како и возачот, додавајќи дека четворица пациенти ќе бараат болничко лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

