Свет
Се разбудил и видел дека детето не дише: татко и ќерка ги удри гром додека биле на лов, девојчето не можело да се спаси
16-годишната Бејли Холбрук почина кога во вторникот ја удри гром додека ловеше со својот татко Метју Холбрук во Флорида, соопштија властите.
Холбрук почина во четвртокот наутро, два дена откако гром удри во дрво и ги погоди неа и татко ѝ, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Путнам.
Тие рекоа дека татко ѝ се онесвестил, а кога се разбудил, видел дека Бејли не дише, пренесува „Дејли мејл“.
„Таткото повикал брза помош и почнал со реанимација, а спасувачкиот персонал се упатил на местото на настанот. Спасувачките служби не успеаја да ја пренесат тинејџерката“, додаваат властите.
16-годишната девојка била пренесена во болницата „ХЦА Флорида Путнам“, каде што била стабилизирана и префрлена во центарот за траума.
Бејли била во критична состојба во средата, соопшти канцеларијата на шерифот.
Ударот на гром се случил во средината на денот, извести канцеларијата на шерифот во средата.
„Сакаме да ја потсетиме нашата заедница дека прогнозата предвидува уште неколку дена со зголемен дожд и грмежи. Невремето може да дојде бргу, а гром може да удри и до 15 километри од местото на врнежите“, соопштија од одделот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

