Свет
Се споделува видео: израелската армија ги соблекла непријателите и ги натерала да клечат на стадион, меѓу нив две деца
На видео кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како палестинци и најмалку две деца се фатени и соблечени од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) на стадион во северниот дел на Појасот Газа.
Видеото во еден миг покажува две млади момчиња, соблечени во долна облека, кои одат држејќи ги двете раце кренати додека ИДФ ги насочува кон стадионот. Во друг клип, две фигури кои изгледаат како истите момчиња без облека се гледаат со рацете над главите. Тие стојат на линија со другите мажи кои изгледаат како тинејџери и возрасни.
Не е сигурно кога е снимено видеото, но Си-Ен-Ен ја лоцираше геолокација и вели дека видеото е направено на стадионот Јармук во Газа, локација за која невладината организација Евромедитерански центар за човекови права соопшти дека била користена како место за привремен притвор за Израелците.
Си-Ен-Ен побара коментар за видеото и приведените деца до ИДФ, но сè уште не доби. Израелските сили уапсија стотици палестински мажи и момчиња во последните недели. Претходно ИДФ објави дека ги соблекла затворениците за да се увери дека не носат експлозив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.
Свет
Блинкен: Русија мора да плати за тоа што Путин го уништи во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.
Според него, САД имаат намера да ја искористат својата моќ и да ги користат руските средства (за обнова на Украина), пренесува Ројтерс.
„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен за време на посетата на Киев.
Свет
Голема акција во Италија: 142 лица се приведени за шверц на дрога, меѓу кои и цариници и полицајци
Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија Ндрангета („Свети луѓе“) привеле 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца, на југот.
Полицијата вели дека овие луѓе се осомничени за врски со „Ндрангета, трговија со дрога, мафијашко здружение и други злосторства.
Приведен е и службеник на италијанската царина и финансиска полиција.
Обвинителот на блискиот град Катанзаро, Винченцо Капомола, изјави за новинарите дека мафијашките групи ги „гушат“ трговците и претприемачите изнудувајќи од нив пари, а дека користат дури и малолетници за нивната главна дејност – трговија со дрога.