Свет
Се урна американски суперсоничен бомбардер
Американски бомбардер „Б-1 лансер“, од воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота, се урна за време на тренинг-лет, а сите четворица членови на екипажот се катапултираа.
Ова го соопштија од военото воздухопловство на САД.
Авионот се урнал во четвртокот околу 17.50 часот по локално време, а четворица членови на екипажот безбедно се катапултирале, пренесува АП.
Американската агенција наведува дека во моментот на несреќата видливоста била слаба со ниски температури и ниска облачност.
„Б-1“ е конвенционален суперсоничен бомбардер, кој првпат стапил во употреба во 80-тите.
Се користи за поддршка на американски бомбардери во Азиско-пацифичкиот регион и во американските операции во Авганистан и не носи нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израелски демонстранти ја блокираа помошта за Газа, расфрлаа пакети со храна
Израелските демонстранти блокираа камиони со хуманитарна помош на пат кон Појасот Газа и расфрлаа пакети со храна на патот, што е последен во серијата инциденти кога Израел вети дека ќе обезбеди непречен проток на хуманитарни резерви во опколената енклава.
Children in Gaza are not starving, children in Gaza are BEING STARVED
Is it self-defense when you attack and destroy humanitarian aid to a starving children in Gaza? pic.twitter.com/56ZV8GV5RS
— Mohamad Safa (@mhdksafa) May 13, 2024
Четворица демонстранти, меѓу кои и малолетник, се уапсени на протест на контролен пункт во градот Таркумија, западно од градот Хеброн, окупиран од Израел, на Западниот Брег, се вели во соопштението на адвокатите кои ги застапуваат демонстрантите.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите ги фрлаат неопходните работи од камионите на земја, а содржината од картонските кутии се истура на патот.
Свет
Ердоган: Повеќе од 1.000 членови на Хамас се на лекување во Турција
Повеќе од 1.000 членови на Хамас во моментов се хоспитализирани во Турција на лекување, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, потврдувајќи дека „не го смета Хамас за терористичка организација“.
„Толку многу членови на Хамас се убиени. Целиот Запад ги напаѓа со секакви видови оружје и муниција“, рече шефот на турската држава додека им се обрати на новинарите заедно со грчкиот премиер Киријакис Мицотакис.
„Да се нарече Хамас терористичка организација би било сурово“, рече тој, потсетувајќи дека Грција и Турција не се согласуваат за ова „многу важно“ прашање.
Ердоган го смета Хамас за движење на отпорот и рече дека е тажен поради ставот на Грција, кој го делат многу други западни земји, дека е терористичка организација.
„Се согласуваме да не се согласуваме“, рече Мицотакис. Минатиот месец Ердоган го прими политичкиот лидер на тоа исламистичко движење Исмаил Ханија.
Израел, САД и ЕУ го сметаат Хамас за терористичка организација.
Европа
Каталонскиот претседател ја напушта политиката по катастрофалниот резултат на неговата партија на регионалните избори
Каталонскиот претседател во заминување денеска изјави дека ќе се повлече од политиката откако неговата сепаратистичка партија постигна катастрофален резултат на регионалните избори на кои шпанските социјалисти му нанесоа тежок удар на каталонското движење за независност.
Каталонската републиканска левица (ERC) на претседателот Пере Арагонес останува главната надеж за социјалистите, кои на вчерашните избори освоија најмногу гласови, но не доволно за мнозинство, да формираат влада во богатата покраина во североисточна Шпанија.
Арагонес, кој ја водеше Каталонија три години, рече дека неговата партија нема да ги поддржи социјалистите, на кои им порача да се свртат кон тврдокорната сепаратистичка партија Junts per Catalunya (Заедно за Каталонија).
„Каталонската републиканска левица ќе остане во опозиција каде што не сместија граѓаните“, рече тој пред новинарите.
Социјалистите, предводени во Каталонија од Салвадор Ила, освоија 42 места во 135-члениот каталонски парламент по преброени повеќе од 99 отсто од гласовите, а нивниот вообичаен коалициски партнер, крајно левичарската партија Сумар, освои шест. Јунтс има 35 мандати, а Каталонската републиканска левица 20.
За да можат да формираат влада, партиите треба да имаат 68 пратенички места. Високиот функционер на Социјалистичката партија Нурија Парлон им рече на новинарите дека претпочитаат левичарски договор со Каталонската републиканска левица и Сумара или, алтернативно, малцинска влада поддржана од други партии.
Каталонската републиканска левица владееше за време на периодот на намалување на тензиите со шпанската социјалистичка влада по турбулентни години откако Каталонија одржа нелегален референдум за независност во 2017 година и накратко прогласи независност, што доведе до уставна криза.