Контакт

Свет

СЗО бара електронските цигари да се третираат како традиционални за даночни и здравствени цели

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика владите да ги третираат електричните цигари и испарувачите слично како и тутунските производи и да ги забранат сите видови вкусови, што би било удар за тутунската индустрија во нејзините напори да развие алтернатива на традиционалните цигари.

dobivaj vesti na viber

Застапниците на електронските цигари ги гледаат како клучна алатка за намалување на смртните случаи и болестите поврзани со пушењето. Сепак, СЗО смета дека се потребни итни мерки за нивна контрола.

Истражувањата покажаа дека нема доволно докази оти тие им помагаат на пушачите да се откажат од пушењето и дека се штетни за здравјето и може да предизвикаат зависност од никотин кај непушачите, особено кај децата и младите.

Децата на возраст од 13 до 15 години користат електронски цигари повеќе од возрасните, а тоа е резултат на агресивен маркетинг и е случај во сите региони во светот, наведува СЗО.

„Децата може да станат зависни од никотин“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, повикувајќи ги земјите да спроведат строги мерки.

СЗО повика на промени, вклучително и забрана на сите ароми, како што е ментолот, и примена на мерки за контрола на тутунските производи за испарувачите. Ова вклучува високи даноци и забрана за користење на јавни места.

СЗО нема овластување над националните регулативи и може да обезбеди само упатства, но нејзините препораки често се прифаќаат доброволно.

СЗО и некои други антитутунски организации се залагаат за построги регулативи за поновите никотински производи, насочени кон алтернативните опции, на кои некои тутунски гиганти, како „Филип Морис интернешнл“ и „Бритиш Американ тобако“, ги засноваат своите идни стратегии.

Големите тутунски компании се надеваат дека ќе создадат нови приливи од алтернативни производи бидејќи построгите регулативи и намалените стапки на пушење вршат притисок врз нивните традиционални бизниси на некои пазари. СЗО верува дека некои супстанции од испарувањето за кои е познато дека предизвикуваат рак претставуваат ризик за здравјето на срцето и белите дробови, а исто така може да му наштетат на развојот на мозокот кај младите луѓе.

Свет

Фон дер Лајен: Ако Путин го прекине бомбардирањето, мировните преговори може да почнат следниот ден

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).

Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.

– Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече таа.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) „Мислевме дека е мачка“: се огласи момчето кое најде бебе во канта за ѓубре во Загреб

Објавено пред

Синоќа во Запрешич во Загреб во канта за ѓубре било пронајдено новороденче.

dobivaj vesti na viber

„Се враќавме од тренинг и слушнавме плачење. Застанавме и мислевме дека е куче или мачка и некој ги фрлил. После тоа, пријателот собра храброст и погледна во кантата. Виде бебе со крвава глава завиткано во крпа“, изјави М.Ј, момче кое во понеделникот вечерта во Загреб заедно со другарот пронашле новороденче во канта за ѓубре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sata (@24sata.hr)

„Кога другар ми рече дека бебето е внатре, бев во шок, не можев ни да погледнам, веднаш се јавив на 112. Госпоѓата која одговори не праша дали можеме да го извадиме бебето од канта. Бебето сепак беше внатре додека не дојде брзата помош“, вели момчето.

Новородено бебе, кое синоќа беше пронајдено, завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Зeленски: Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави каква е ситуацијата на фронтот.

dobivaj vesti na viber

„Олександар Сирски извести за состојбите во областите на борбените операции. Регионот Доњецк, регионот Харков – каде што е најтешко сега. Тој е на клучните места – работи со бригади, на борбени позиции. Се уште е рано да се носат заклучоци, но ситуацијата е под контрола“, рече Зеленски и додаде:

„Нашите војници го уништуваат окупаторот кој се обидува да напредува. Сè е доволно стресно. Но, ги зајакнавме насоките, особено Харков. Сега многу војници, особено жителите на Харков дојдоа во одбрана на регионот Харков, благодарност до сите за нивната ефикасност“, додаде претседателот на Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 часа

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ7 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија9 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија10 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија10 часа

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија11 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ12 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ13 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија14 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија16 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет16 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет16 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија1 ден

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија1 ден

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ1 ден

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет2 дена

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија2 дена

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...