Свет
СЗО: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се препорачува и во земјите каде што ги има позаразните видови на коронавирус
Вакцината „Џонсон и Џонсон“ се препорачува и во земјите каде што циркулираат позаразните видови на коронавирусот, соопштија експертите од Светската здравствена организација .
Стратешката советодавна група на експерти за вакцинација при СЗО ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“.
„Препорачуваме да се користи во земјите каде што е забрзано ширењето на новите видови на Ковид-19 и во земјите каде што имаме информации за употребата на оваа вакцина за контрола на САРС-CoV-2 што ги предизвика овие видови“, рече Алехандро Кравиото, претседател на експертската група на СЗО.
„На глобално ниво, по прегледот на податоците, имаме вакцина која е безбедна, додаде тој, повторувајќи дека вакцината од ова компанија се препорачува за секој над 18-годишна возраст, без ограничување на возраста.
Инаку тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на ладни температури.
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари.
Исто така беше одобрена во Канада на почетокот на март и во Европската Унија, а веќе започна да се применува од Јужна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Приведен еден осомничен за пукањето на Универзитетот Браун во САД
Полицијата во Провиденс приведе едно лице во врска со пукањето на Универзитетот Браун, во кое загинаа двајца студенти, а девет други беа повредени.
Портпаролката на службата за јавна безбедност на Провиденс, Кристи ДосРејс, за Ројтерс изјави дека „лице од интерес“ е во притвор по пукањето на универзитетот во Род Ајленд.
Повеќе од 400 полицајци беа ангажирани да бараат осомничен кој влегол со огнено оружје во зграда каде студентите полагале испити.
Пристапот до делови од кампусот беше ограничен, а полицијата остана на местото на настанот.
Агенти од ФБИ и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соработуваат со локалната и државната полиција во истрагата.
Службениците објавија видео од осомничениот, за кој се верува дека е маж на околу 30 години облечен во црно.
Истражителите пронашле чаури на местото на настанот, а вооружениот напаѓач избегал по пукањето.
Свет
Зеленски: Украина се откажува од НАТО во замена за безбедносни гаранции
Украина е подготвена да се откаже од членството во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции, како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американски претставници во Берлин.
Зеленски оцени дека безбедносните гаранции од САД, европските земји и други партнери, би можеле да спречат нова руска инвазија и претставуваат значаен отстап од украинска страна.
Тој потсети дека членството во НАТО долго време беше стратешка цел на Украина и дел од уставните определби на земјата.
Иако официјалниот состав на разговорите во Берлин не е објавен, американски функционер потврди дека специјалниот пратеник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер ќе учествуваат на средбите со украински и европски претставници.
Свет
(Видео) Храбар случаен минувач го совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажа во Сиднеј
На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.
Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.
Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му го грабнува пушката.
Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.
Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.
На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.

