Свет
СЗО го повика Г7 да го финансира глобалното закрепнување од Kовид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Групата седум (Г7) да го финансира глобалното закрепнување од Ковид-19, предупредувајќи дека кризата низ целиот свет не може да се реши доколку најразвиените земји не ги засилат своите активности.
СЗО соопшти дека Групата Г7, која се состои од Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, има можност да ги финансира вакцините, тестовите и протоколите за лекување потребни за да се победи пандемијата.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика земјите од Г7 да преземат решителни мерки на нивниот Самит од 11 до 13 јуни, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон.
„Земјите од Г7 се светски економски и политички лидери. Тие се исто така дом на многу светски производители на вакцини, а кризата со вакцините можеме да ја решиме само со помош на лидерите на овие земји“, рече Тедрос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена до петок

Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент.
„Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел Авив“, соопшти Стејт департментот.
Израел го започна конфликтот со изненадувачки напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите врвни воени команданти на Иран, како и неговите водечки нуклеарни научници. Израелските напади во Иран оставија најмалку 224 мртви и повеќе од 1.000 ранети, според официјалниот број на жртви во Иран.
Според кабинетот на израелскиот премиер, во иранските ракетни напади врз Израел од петокот загинаа 24 лица.
Свет
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштаат земјата со авион

Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, според блискоисточните медиуми.
Според израелскиот „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на летови, додека стравувањата од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми растат.
Аеродромот „Бен Гурион“, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен „до понатамошно известување“. Според „Мидл Ист Монитор“, одлуката наводно произлегла од загриженоста на безбедносните службеници за ризикот од пренатрупаност и можни масовни жртви во случај на ирански напад врз аеродромите.
Израелската министерка за транспорт Мири Регев ја објави мерката, велејќи:
„Во оваа фаза нема да дозволиме Израелците да ја напуштат земјата“.
Таа објасни дека во моментов само странски државјани – како што се дипломати и туристи – имаат право да ја напуштат земјата.
Регев, исто така, потврди дека владата подготвува операција за враќање на повеќе од 100.000 израелски граѓани кои моментално се наоѓаат во странство, ветувајќи дека процесот ќе се спроведува постепено и на планиран начин.
Ограничувањата за патување доаѓаат по нападот на Израел врз иранскиот аеродром Машхад, што предизвика стравувања дека аеродромите сега би можеле да се сметаат за легитимни цели.
Свет
Макрон: Промената на режимот во Иран би довело до хаос

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави на самитот на Г7 во Канада дека промената на воениот режим во Иран би била голема грешка, јавуваат „Ројтерс“ и АФП.
„Промената на режимот би довело до хаос“, изјави Макрон пред новинарите во Алберта, нагласувајќи дека земјите треба да се вратат на разговорите за нуклеарната програма на Иран.
„Верувам дека ни требаат Соединетите Американски Држави да ги вратат сите на преговарачката маса“, рече Макрон.