Свет
СЗО: Одвојувањето на бебето од мајкaта поради Ковид-19 ќе ја зголеми смртноста кај новороденчињата
Пандемијата на Ковид-19 сериозно влијае на грижата за болните или предвремено родени новороденчиња, а многумина се непотребно одделени од своите мајки и се изложени на ризик од смрт или долготрајни здравствени проблеми, предупреди Светската здравствена организација.
Две нови студии откриле дека мајките со потврдени или сомнителни инфекции со коронавирус не дозволуваат контакт со своите новороденчиња во породилиштата, а речиси четвртина од анкетираните мајки рекле дека не смеат да дојат до новороденчето поради сомнение за инфекција со Ковид-19.
Но, новите студии укажуваат дека раниот и многу близок контакт помеѓу мајката и новороденчето може да спаси повеќе од 125.000 животи.
Новородените бебиња во светот имаат право на контакт со своите родители, кој ќе ги спаси, и ваквиот контакт не треба да им се забранува поради пандемијата на Ковид-19, рече Аншу Банерџи, експерт за здравствена заштита на мајки и новороденчиња од Светската здравствена организација.
Повеќе од 85 проценти од анкетираните изјавиле дека стравуваат за своето здравје, а недостигот на опрема за лична заштита, стресот и безбедноста се меѓу главните проблеми. Истражувањата покажаа дека во некои болници, виталните ресурси, вклучително персоналот и резервите на кислород, се префрлија од одделенијата за новороденчиња во одделите за Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Војник облечен како Дедо Мраз со руско знаме на снимка од Мирнохрад – спротивставени тврдења за контролата на градот
Украинските и руските сили објавуваат спротивставени тврдења за контролата врз Мирнохрад, град на првата линија на фронтот североисточно од Покровск. Додека Киев тврди дека ги држи клучните позиции, Москва шири видеа на кои се гледаат руски војници како креваат знамиња во уништени делови од градот, пренесува „Киев Индепендент“.
Украинската армија соопшти дека и понатаму контролира важни точки во Мирнохрад и оцени дека руските видеа се дел од пропагандни акции наменети за домашната публика. Како доказ беа објавени снимки од борбени операции во областа.
Од друга страна, руските државни медиуми и онлајн канали објавуваат видеа на кои наводно се гледаат руски војници како поставуваат знамиња, меѓу кои и снимка со војник облечен како Дедо Мраз. Украинската страна признава дека имало изолирани случаи на тајна инфилтрација на руски групи во централните делови на градот.
🇺🇦🇷🇺 Russian Santa Claus took Myrnohrad and waves the Russian flag pic.twitter.com/OhWQRWcXE1
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 27, 2025
Мирнохрад е сателитски град на Покровск, стратешки важен пункт во Донецката област, каде со месеци траат жестоки борби. Украинскиот Генералштаб ги отфрли руските тврдења за целосна окупација, оценувајќи ги како дел од дезинформациска кампања.
Свет
Имав продуктивен разговор со Путин, рече Трамп пред состанокот со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи подоцна денес во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: ОН не направи ништо за да помогне со катастрофата во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа „Тру соушал“ објави дека им честита на лидерите на Тајланд и Камбоџа за постигнатото примирје, кога двете земји се согласија во саботата да ги прекинат неколкудневните гранични конфликти.
Во соопштението, Трамп остро ги критикуваше Обединетите нации, наведувајќи дека организацијата „многу малку помогнала“ во решавањето на глобалните конфликти, додека особено ја истакна „катастрофата што моментално се случува меѓу Русија и Украина“.
„Обединетите нации мора да почнат да стануваат активни и вклучени во светскиот мир!“, рече Трамп.
Се очекува Трамп подоцна денес во својот дом во Мар-а-Лаго да разговара за рамката за мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

