Свет
СЗО: Омикрон е голем глобален ризик, но немаме доволно податоци за опасноста
Омикрон, кој е регистриран во повеќе од 60 земји, е „многу висок“ глобален ризик и има индикации дека е отпорен на вакцината, но недостасуваат податоци за реалната опасност, соопшти Светската здравствена организација.
„Вкупниот ризик поврзан со омикрон останува висок поради повеќе причини“, се вели во извештајот на СЗО.
„Првите податоци укажуваат дека тој го заобиколува имунолошкиот одговор и е многу заразен, што може да доведе до нови бранови на инфекција со тешки последици“, велат од агенцијата.
Додека првичните анализи во Јужна Африка покажуваат дека омикрон може да биде помалку опасен од делта и дека сите случаи во Европа се умерени или асимптоматски, останува нејасно колку е навистина вирулентен, се вели во извештајот.
„Потребни се повеќе податоци за да се разберат опасностите од омикронот. Дури и ако е помалку опасен од делтата, се очекува да се зголемат хоспитализациите поради повисоките стапки на пренос, што може да доведе до дополнително оптоварување на здравствените системи и повеќе смртни случаи.
Повеќе податоци се очекуваат во наредните недели, според СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

