Свет
СЗО: Смртноста од коронавирус се намали за 20 отсто во изминатата недела
Од 15 до 21 февруари бројот на заразени со коронавирус во светот се намали за 11 проценти и смртните случаи – за 20 отсто, во споредба со минатата недела. Ова е шеста последователна недела на опаѓање на морбидитетот, според редовниот епидемиолошки билтен на Светската здравствена организација (СЗО).
Минатата недела се регистрирани 2.457.026 заразени и 66.359 смртни случаи. Заклучно со 21 февруари, во светот имало 110.763.898 заразени и 2.545.331 смртни случаи на пациенти.
Намалувањето на морбидитетот во последната недела е особено забележливо во Америка (за 19%), регионот на Западен Пацифик (со 9%), Европа (со 7%) и Источниот Медитеран (со 7%). Смртноста во овие региони исто така опадна – соодветно за 23%, 6%, 19% и 3%. Намалување на смртноста е регистрирано и во Африка (за 20%) и Југоисточна Азија (за 6%).
Во Америка повеќе од 1,06 милиони луѓе биле заразени, а повеќе од 34.000 починале за седум дена. Над 939.000 новозаразени и над 24.000 смртни случаи се регистрирани во Европа. На Источен Медитеран лекарите идентификувале повеќе од 181 илјади заразени, а повеќе од 2,4 илјади луѓе починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

