Свет
Силен земјотрес во централна Турција
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Турција, пренесуваат медиумите во регионот.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 49 километри западно од Адијаман.
Граѓаните велат дека добро се затресло.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поскапе такси превозот во Белград
Такси превозот во Белград поскапе за 10 отсто, а почетната цена е за 50 динари повисока и ќе изнесува 320 динари.
Возењето по километар е поскапо за девет динари и ќе изнесува 105 динари.
Чекањето на час поскапе за 600 динари, односно ќе чини 1.800 динари, објавено е на Фејсбук страницата на Здружението на такси превозници „СИТАБ“.
Свет
Силен земјотрес е регистриран на стотина километри од брегот на Тонго
Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во близина на Тонго.
Како што е објавено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во океанот, на околу 130 километри од брегот на оваа островска држава во Полинезија.
Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Свет
Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, оцени дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ќе има многу општествени, политички и геополитички последици кои ќе го одбележат развојот на светот и за нашите внуци.
Борел во Европскиот парламент истакна дека доаѓањето на Трамп на чело на САД „не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков свет“.
„Мораме да се подготвиме за она што може да следи“, предвиде тој, велејќи дека тоа мора да се направи „разумно, внимателно и без да се остави впечаток дека сме парализирани како елен во ноќта пред фаровите на автомобилот“.
Борел посочи дека партнерите во ЕУ мора да покажат дека не се ниту исплашени, ниту поделени, но додаде дека реалноста покажува дека тие сигурно се, бидејќи, како што додаде, победата на Трамп не била на ист начин добредојдена во сите главните градови на Унијата.
Според него, тоа ќе има последици за односите меѓу ЕУ и САД и објавувањето на американските царини од 10 отсто за европскиот увоз, како што подвлече, несомнено ќе ја загрози конкурентноста на ЕУ, додека многу повисоките давачки за кинеските производи потоа ќе ги пренасочат кинеските стоки во Европа.
Борел особено посочи дека Европа мора финансиски и индустриски да компензира за најавеното американско намалување на воената и економската поддршка за Киев.
Високиот претставник на ЕУ, кој изминативе денови беше во посета на Украина, рече дека воената ситуација таму не е лесна, има големи жртви на двете страни.
„Мораме да избегнеме дипломатско решение на конфликтот што ќе ја турне Украина настрана и ќе не отстрани и нас“, рече тој.
„Договорот меѓу Соединетите Американски Држави на Трамп и Русија на Путин, заобиколувајќи ги Украина и Европската унија, со цел да се запре војната и да се одложи за подоцнежни политички разговори, е она што Украина го отфрла, а ЕУ исто така мора да го отфрли“, додава тој, пренесува Бета.
Шефот на надворешната и безбедносната политика на ЕУ се осврна и на војната во Газа и рече дека со доаѓањето на Трамп во Белата куќа сигурно ќе има повеќе разбирање за експанзионистичките аспирации на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и помала безбедност за Палестинците“.