Свет
Силен земјотрес го погоди Иран: четири лица загинаа, 120 се повредени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/zemjotres-iran-EPA.jpg)
Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, јавија државните медиуми.
Земјотресот се случил во 13 часот и 24 минути по локално време, објави локалниот гувернер во интервју за иранската државна телевизија, пренесува порталот Alarabia News.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Виктор Орбан: Франција ја поддржува програмата на Унгарија, ќе работиме на проширување на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/дсад.jpg)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, дека Франција ја поддржува програмата на Унгарија за претстојното претседателство со Европската унија и дека заедно ќе работат на проширувањето.
„Некои земји од Западен Балкан чекаат 15 години да влезат во ЕУ. Лошо е, можеби дури и понижувачко. Огромното мнозинство земји-членки сакаат земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, што поскоро да влезат во ЕУ“, рече Орбан, додавајќи дека за време на неговото шестмесечно претседавање со унгарскиот блок ќе работи на тоа.
Тој додаде дека Макрон го поддржал и планот на Унгарија за зајакнување на европската економија.
Регион
Едно лице загина, а друго е повредено во невреме во Србија, ги погодил гром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/udar-groma-830x0.jpg)
Едно лице загина, а друго е повредено во невреме во близина на селото Бресница на југот на Србија, јавува Радио телевизија на Србија (РТС).
Ова се случило кога тракторот на кој се наоѓале бил погоден од гром, по што се превртел.
И.П.(1955) е пренесен во Итната помош во болницата Прокупа, каде што е во тек дијагностика, јавува РТС.
Во Крагуевац во централна Србија едно лице е полесно повредено кога се изгребало од дел од кровната конструкција кој паднал.
РТС пишува дека силниот ветер однел делови од покривите на некои згради, урнал неколку знамиња и дрвја во Крагуевац и неговата околина.
Ветерот собори дрвја и во Белград и Нови Пазар, што предизвика штети на автомобили и угостителски објекти.
Свет
(Видео) Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/vbxbb.jpg)
Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.
Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.
Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.
#BREAKING #Russia A passenger train derailed in Russia’s Komi Republic, injuring several people.
Preliminary reports suggest the railway embankment was washed away by water. pic.twitter.com/5OwZ1WNMYA
— The National Independent (@NationalIndNews) June 26, 2024
– Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин – соопштија надлежните.