Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Мост падна како да е од карти: страшна снимка од разорниот земјотрес, оштетена историска палата во Мандалеј

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Сагаинг во северозападниот дел на Мјанмар. Потресите беа почувствувани во неколку градови, вклучувајќи ги Сагаинг, Мандалај, Кјауксе, Пјин У Лвин и Швебо во северниот дел на Мјанмар.
Очевидци изјавија за Мјанмар сега во вторникот дека делови од историска палата во Мандалеј биле сериозно оштетени. Во исто време, во земјотресот целосно беше уништен мост во градот Сагаинг.
Засега нема информации за бројот на жртви или повредени во денешниот земјотрес во Мјанмар.
Свет
(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: тресеше и во Тајланд на 1000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.
По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.
Breaking: Significant shaking in #Bangkok after magnitude 7.6 #earthquake strikes #Myanmar. pic.twitter.com/DgYsQ2GCrJ
— Masood (@Masood9876) March 28, 2025
Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.
Breaking: Buildings collapsed in Bangkok, Thailand, following a magnitude 7.6 earthquake with its epicenter in Myanmar. pic.twitter.com/gU2DhyLfKK
— Am I Wrong? (@MIWrongg) March 28, 2025
Тие велат дека земјотресот траел многу долго време, а првата снимка е веќе поставена на Икс, на која се гледа како силно се почувствувал земјотресот во Бангкок, кој е оддалечен речиси 1.000 километри од епицентарот.
Tras el fuerte terremoto en Myanmar 🇲🇲 de 7.7 grados el impacto sísmico también se sintió en Tailandia. 🇹🇭https://t.co/rfTCjnTpyJ
— Aar. Rod. R.🇵🇪📰🗞📖💛 (@AaronRios90) March 28, 2025
„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, некако се тресеше повеќе од вообичаено овде во Тајланд“, велат тие во коментарите.
Некои тврдат дека земјотресот траел речиси две минути, други пишуваат дека се урнала зграда во Бангкок.
Европа
(Видео) Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Надреално видео од Покемон кој наводно бега од полицијата за време на протестите во Турција стана вирална. Имено, некој облечен како Пикачу е снимен како бега од полицијата која брка демонстранти. Снимката наводно е направена во Анталија.
Виралното видео, кое нашироко се споделува на социјалните мрежи, се чини дека потекнува од турскиот фоторепортер Исмаил Коцероглу.
Исмаил во четвртокот објави видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како костимиран демонстрант бега со толпа граѓани.
Дали е автентична снимката на која Пикачу бега од полицијата не е потврдено.
Сепак, Исмаил продолжи да поставува видеа од овој маскиран демонстрант. Синоќа, тој повторно објави видео од Пикачу како шета низ улиците на Анталија, наведувајќи дека Пикачу „се приклучил на осмиот ден од демонстрациите“.