Свет
Силен земјотрес од шест степени го погоди Токио
Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на префектурата Ибараки во Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 40 километри од брегот на Јапонија. Како што се наведува, не постои опасност од цунами, објави „Новости“.
#ULTIMAHORA #BREAKING Fuerte #Sismo Strong #earthquake Magnitud 6.0 en #Japon el epicentro se localizo a 118km al Sureste de la ciudad de #Iwaki a una profundidad de 20km 05:33hrsLOCAL No hay #Alerta de #Tsunami #Japan la onda sísmica se sintió hasta la ciudad de #Tokio pic.twitter.com/gZtjpOFymP
— Celeste Centaury (@CCentaury) August 3, 2021
Според корисниците на „Твитер“, тој траел добри 30 секунди.
Луѓето во паника избегаа од Олимпиското село.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.