Свет
(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди западниот дел на Мексико
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Мексико, а потресите се почувствувани дури до Мексико Сити, соопштија локалните власти и очевидци. Издадено е предупредување за цунами, јавуваат агенциите.
Земјотресот, кој се случи во 13 часот и 5 минути по локално време во понеделникот, беше центриран на околу 46 километри југоисточно од Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан. Удрил на длабочина од 15 километри, што е многу плитко, според познавачите.
Breaking: Video shows the moment an earthquake was felt in Mexico City. The preliminary magnitude 7.6 earthquake struck off the coast of Michoacán. pic.twitter.com/JKaYajjMO1
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) September 19, 2022
Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 7,6 степени, во однос на претходната проценка од 7,5. Мексиканската сеизмолошка агенција објави дека јачината е помала, на 7,4 степени.
„Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами за бреговите лоцирани на 300 километри од епицентарот на земјотресот“, се вели во билтенот на Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.
Детали за штети или жртви не се познати, но жителите во регионот пријавиле силно потресување.
Во Мексико Сити се тресеа и згради, што ги натера жителите да истрчаат на улиците, но нема информации за сериозни штети или повредени во главниот град на нацијата, рече гувернерката Клаудија Шејнбаум.
Земјотресот, како што анализираат медиумите, се случува на годишнината од двата претходни земјотреси околу Мексико Сити во кои загинаа над 10.000 луѓе во 1985 година и над 360 лица во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

