Свет
Силен земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Вранча, соопшти романскиот национален институт.
Земјотресoт со умерен интензитет се случи во 11.53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви во земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Го убивме првиот човек на иранската армија

Војската на Израел тврди дека го убила началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран. Доколку оваа вест биде потврдена, тоа ќе биде последен во серијата атентати на високи ирански воени функционери.
„По изненадувачка можност во текот на ноќта, борбените авиони на воздухопловните сили го нападнаа седиштето во срцето на Техеран. И, благодарение на прецизните разузнавачки информации, тие го убиле Али Шадмани, главниот воен командант и човекот најблизок до иранскиот лидер Али Хамнеи“, се вели во соопштението.
Шадмани беше назначен пред четири дена да раководи со вонредниот воен штаб на Иран и да ја надгледува иранската Револуционерна гарда и армијата. Шадмани се искачи низ рангот откако Голомали Рашид беше убиен од израелските сили минатата недела.
Дописникот на Скај њуз за Блискиот исток Алистер Бункал истакна дека ова ќе биде втор пат Израел да убива началник на иранската армија од почетокот на конфликтот.
„Ако се сеќавате на Хезболах, она што Израел можеше да го направи многу успешно е да продолжи да го уништува највисокиот синџир на команда, а потоа и нивните наследници малку по малку, до точка каде што целосно го деморализираа и уништува секој синџир на команда“, рече Бункал.
„И се чини дека тие се обидуваат да направат нешто слично кога станува збор за иранскиот режим“, додаде тој.
Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.