Свет
Силен циклон го погоди Мјанмар, 14-годишно момче загинало кога врз него паднало дрво
Силен циклон го погоди брегот на Бангладеш и Мјанмар, при што загинаа најмалку шестмина кога тој зајакна и стана еквивалент на бура од петта категорија, јавува денеска Би-би-си.
Циклонот Мока не го погоди бегалскиот камп „Рохинџи“ во Кокс Базар, како што претходно се стравуваше, но сепак уништи неколку стотици импровизирани засолништа. Најмалку шест лица загинаа во Мјанмар.
Војската на Мјанмар го прогласи целиот регион за област на природна катастрофа.
Меѓу загинатите има и 14-годишно момче, врз него паднало дрво.
Шефот за управување со катастрофи во Бангладеш, Камрул Хасан, рече дека циклонот не предизвикал големи штети во земјата, но дека сè уште има поплави и лизгање на земјиштето. Во Бангладеш засега нема жртви.
Најпогоден беше Мјанмар, каде што невремето пристигна со ветрови до 209 километри на час. Локалните медиуми јавуваат дека меѓу загинатите има и 14-годишно момче, кое било удрено од дрво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

