Свет
Силувана и запалена ветеринарка во Индија идентификувана според накитот и облеката

Полицијата во Индија се сомнева дека ветеринарката (27), чие тело било пронајдено во предградието на Хајдерабад, била силувана пред да биде убиена и запалена.
Високиот полициски службеник Пракаш Реди за Би-би-си изјави дека чекаат наоди од обдукцијата за официјално да потврдат како жртвата починала и дали е силувана пред да биде запалена.
„Доведовме четворица мажи на сослушување“, додаде Реди.
Жената, чиј идентитет не е откриен, околу 16 часот заминала од работа со велосипед за да стигне на лекарски преглед. Нејзината сестра ѝ кажала на полицијата дека жртвата се јавила и ѝ рекла дека ѝ се издишила гумата од велосипредот и дека возачот на камион се понудил да ѝ помогне. Tаа ѝ рекла на својата сестра дека е малку исплашена затоа што веќе е доцна.
Семејството на жртвата се обидело да ја повика повторно по некое време, но нејзиниот телефон бил исклучен. Членовите на семејството организирале потрага, но никаде не можеле да ја најдат и се јавиле во полиција.
Кога нејзиното изгорено тело било пронајдено, семејството ја идентификувало врз основа на накитот и облеката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Земјите од Блискиот Исток ми понудија да го средат Хамас, реков – не уште

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неколку блискоисточни земји и држави од поширокиот регион му понудиле да испратат војска во Појасот Газа за, како што рече, да го средат Хамас, доколку организацијата го прекрши договорот постигнат со американската администрација.
„Многу од нашите сојузници на Блискиот Исток со ентузијазам ми порачаа дека би влегле во Газа со силни трупи и би го средиле Хамас ако продолжи да делува лошо. Јас им реков: ‘Не уште!’“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
Тој додаде дека сè уште постои надеж Хамас да го исполни договорот, но предупреди дека ако не, крајот на Хамас ќе биде брз, жесток и брутален.
Во објавата Трамп посебно ја спомена Индонезија и нејзиниот одличен лидер за поддршката кон Блискиот Исток и САД.
Изјавата доаѓа во време на кревко примирје во Газа, постигнато со посредство на Египет и Катар, додека Вашингтон преговара со регионалните партнери за стабилизирање на состојбата и можно политичко решение на конфликтот.
Свет
Макрон: Итно да се отворат хуманитарни рути кон Газа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави во Љубљана дека примирјето во Газа е многу кревко и повика на итно повторно отворање на граничните премини за влез на хуманитарна помош.
„Ова е апсолутно итна состојба. Треба веднаш да се воспостават хуманитарни мостови и рути за да стигнат храна и медицинска помош до населението“, рече Макрон, додавајќи дека е неопходно Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за меѓународна рамка за управување и безбедност во иднина во Газа.
Девет земји од Европската унија, кои граничат со Средоземното Море, побараа од израелската влада да ги отвори премините, вклучувајќи го и „Рафах“, за непречено доставување на хуманитарна помош.
Свет
Криза во Вилнус: спорот околу воениот буџет ја подели литванската влада

Литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиенe ја објави својата намера да поднесе оставка по сериозното несогласување со премиерката Инга Ругињена околу планираниот воен буџет за 2026 година.
„Секако ќе разговарам со претседателот и ќе му ги презентирам моите аргументи“, изјави Шакалиена за националната телевизиска станица ЛРТ. Министерката призна дека нејзиниот тим не го дели целосно ставот на премиерката и дека „операциите не можат да продолжат во услови на недостаток на доверба“.
Според неа, таа формално нема да поднесе оставка додека не се консултира со шефот на државата, но не гледа причина што би можела да ја промени нејзината одлука да ја напушти функцијата.
Конфликтот на врвот на литванската влада избувна откако Министерството за одбрана објави дека буџетот за одбрана во 2026 година ќе изнесува 4,87 проценти од БДП. Премиерката Ругињена потоа најави зголемување на средствата на 5,38 проценти од БДП, со остри критики за работата на воениот оддел под водство на Шакалиена.
Според аналитичарите во Вилнус, овој конфликт ги одразува подлабоките несогласувања во рамките на владејачката коалиција во врска со приоритетите на финансирање на одбранбениот сектор во услови на зголемување на воените трошоци во балтичкиот регион.
Фото: принтскрин