Свет
Во Сингапур три четвртини од заразените во последниот месец биле вакцинирани
Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во последните четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема сериозни случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци, додека кампањата за забрзана вакцинација продолжува.
Во Сингапур со 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се речиси 75 проценти од населението. Според „Ројтерс“, се работи за втората земја по нивото на вакцинираност, веднаш зад Обединетите Арапски Емирати. Половина од населението во Сингапур е целосно вакцинирано.
Во последните 28 дена земјата забележа 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30 % од заразените биле делумно вакцинирани, а 25 % од новите случаи не биле вакцинирани.
Имало само седум случаи со потешка форма на болест што барала третман со кислород; шест од нив не примиле вакцина, а едно лице било делумно вакцинирано, соопшти тамошното Министерство за здравство.
„Постојат докази дека вакцината придонесува за спречување тешки форми на болеста“, нагласија од Министерството додавајќи дека оние што биле целосно вакцинирани и се заразиле или имале лесни симптоми или воопшто немаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британија воведува нова полициска единица слична на ФБИ
Британската влада денеска објави дека наскоро ќе претстави план за создавање нова полициска единица, слична на американското ФБИ, која би работела на сложени истраги, како што се борбата против тероризмот, измамите, злоупотребата на деца на интернет и разбивањето на криминални банди.
Полицијата ќе ја обедини работата на постојните агенции кои се занимаваат со тероризам и криминал, како и регионалните единици за организиран криминал во Англија и Велс.
Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека новото тело ќе ги ослободи 43-те локални полициски сили во Англија и Велс и ќе им помогне да се фокусираат исклучиво на секојдневните злосторства во рамките на нивните јурисдикции.
„На некои локални сили им недостасуваат вештини или ресурси што им се потребни за справување со сложениот современ криминал, како што се измами, злоупотреба на деца на интернет или банди на организиран криминал“, рече таа.
Махмуд додаде дека сегашниот модел е „изграден за друг век“ и дека новото тело ќе привлече „талент од светска класа“, како и ќе ги намали трошоците со преместување на набавките во една национална единица.
Таа рече дека конечните предлози ќе бидат презентирани пред Парламентот утре, додека другите очекувани промени вклучуваат намалување на бројот на полицајци во Англија и Велс и промени во начинот на регрутирање и управување со полицијата.
Воведувањето на новата единица беше топло поздравено од полициските кругови, предводени од лондонската Метрополитенска полиција, која има водечка улога во борбата против тероризмот во земјата.
Свет
Форбс објави листа на најубавите крајбрежни места во Европа, Хрватска е број 1
Според изборот на организацијата „Европски најдобри дестинации“, објавен во списанието „Форбс“, Цавтат во Конавле е прогласен за најубав крајбрежен град во Европа за 2026 година. Во конкуренција од повеќе од 200 европски крајбрежни локации, ова мирно место на крајниот југ од Хрватска го освои првото место благодарение на комбинацијата од историја, архитектура и природна убавина.
Што го прави Цавтат посебен?
Цавтат е опишан како дестинација која успешно ги комбинира културното наследство, опуштениот медитерански начин на живот и визуелната привлечност на брегот. Градот е препознатлив по својата венецијанска архитектура, шеталиште обрабено со палми и комбинација од луксузни јахти и традиционални рибарски бродови. „Форбс“ наведува дека Цавтат е идеален за оние кои бараат мирно бегство покрај морето, исполнето со богата културна понуда.
Културни знаменитости како што се куќата на Влаха Буковац, најпознатиот хрватски сликар од 19 век, и Мавзолејот на семејството Рачиќ, изработен од скулпторот Иван Мештровиќ, се издвојуваат. Љубителите на природата можат да уживаат во прошетките по патеките на полуострововите Рат и Сустјепан или да се упатат кон видиковецот Соколов гребен. Препорака за сместувањеФорбс го препорачува хотелот Супетар, реставрирана вила од 1920-тите години, сместена веднаш до брегот. Тоа е петзвезден бутик хотел кој комбинира арт нуво естетика со интимна атмосфера и спектакуларен поглед од терасата на покривот.
За да се создаде рангирање на 15-те најубави европски крајбрежни дестинации, „Европските најдобри дестинации“ ангажираа експерти од туристичката индустрија и патници од дури 134 земји. Секоја локација е оценета според архитектурата и културното наследство, начинот на живот и софистицираноста, како и природната крајбрежна убавина. Емоционалниот впечаток, популарноста и желбата на патниците да се вратат или да ја посетат дестинацијата за прв пат беа исто така земени предвид.
Остатокот од престижната листаПокрај Цавтат, листата на најубави крајбрежни места во Европа за 2026 година вклучува: Касис, Франција Капри, Италија Љафранк, Шпанија Леричи, Италија Њукеј, Обединето Кралство Сен Тропе, Франција Патмос, Грција Санта Маргарита Лигуре, Италија Сен-Жан-Кап-Фера, Франција Портофино, Италија Динар, Франција Камоли, Италија Кадакес, Шпанија Хидра, Грција.
Свет
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

