Свет
Синовите на Ел Чапо продолжија со семејниот бизнис: обвинети за шверц на фентанил во САД, создадоа мрежа од лаборатории за дрога
Синовите на озлогласениот водач на наркокартелот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој издржува доживотна казна затвор во САД, го продолжија семејниот бизнис со фентанил со создавање мрежа на лаборатории што произведуваат огромни количини евтина смртоносна дрога, што тие ја шверцуваат во САД, според неодамнешното обвинение на американските обвинители.
Иако судењето на Ел Чапо беше главно за испорака на кокаин, случајот против неговите синови открива дека картелот направил промена преминувајќи на исклучително опасен фентанил, кој криминалците го продаваат во САД по најниски цени, според обвинението од 14 април, објави АП.
Синтетичките опиоиди, главно фентанил, убиваат повеќе Американци секоја година отколку во Виетнам, Ирак и Авганистан заедно, поради што некои политичари велат дека картелите треба да бидат означени како терористички организации. Проблемот со фентанилот во САД трае повеќе од 20 години.
Меѓутоа, правењето сопствен фентанил, кој е многу посилен и поопасен од хероинот, во мали скриени лаборатории, целосно ја промени играта, додава американската новинска агенција. Картелот премина кон изградба на лабораторија за фентанил, подоцна создавајќи мрежа од лаборатории во мексиканската држава Синалоа пред помалку од една деценија.
„Тоа не се супер лаборатории бидејќи на луѓето им даваат илузија дека личат на фармацевтски лаборатории. Тоа се само метални цевки во кои понекогаш се користат дрвени весла, па дури и лопати за мешање хемикалии“, изјави шефот на меѓународните операции во американската Федерална администрација за борба против дрогата (DEA)“, Мајк Виџил.
Во една серија картелот може да направи 100.000 таблети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск предлага криминалците да ги следат роботи наместо да одат во затвор
Елон Маск повторно ја изненади јавноста со идеја осудениците да не одат во затвор, туку да бидат следени од роботот Оптимус како похуман начин“да се спречат нови злосторства. На состанок на акционерите на Тесла, тој предложи секој криминалец да добие робот кој ќе го следи и ќе го спречува да прави криминал.
Идејата отвори бројни недоразјаснети прашања: како би функционирале роботите во спречување на криминал, кој би го финансирал системот и кои се етичките ризици од заменување на затворите со роботска контрола.
Иако изјавата може да звучи како импровизација, аналитичарите потсетуваат дека Маск има огромно влијание и дека неговите зборови се значајни. Порталот „Електрек“ додава дека акционерите на Тесла всушност го зголемиле неговото богатство и моќ на сопствена штета.
Регион
Масакр во Србија: четиричлено семејство цел на убиецот – починаа таткото и синот
Таткото М.Л. (69) и неговиот син М.Л. (44) биле убиени во семејната куќа во селото Завидинци кај Бабушница денес околу 16 часот. Полицијата ги пронашла нивните тела, но и две повредени лица – мајката С.Л. и братот на убиениот син М.Л. Жената била ранета во главата и токму таа го пријавила случајот во полиција.
Како што дознава „Блиц“, тие биле убиени во дворот на семејната куќа.
При јавувањето во полиција, таа навела дека смртоносните повреди ги нанел извесен С.М.
Полицијата го затекнала осомничениот С.М., кој веднаш бил задржан од страна на полицијата.
Сè уште не е познато кој е извршителот, но полицијата се сомнева на неколку лица и врши проверки.
Жителите на Завидинци велат дека не знаат што точно се случило, бидејќи злосторството се одвивало на периферијата на селото.
„Тоа се фини луѓе, татко, мајка и двајца синови. Едниот од нив има сериозни здравствени проблеми поради кои никогаш не излегува од куќата. Последен пат го видов пред околу петнаесет години. Чувме дека некој од нивното семејство е убиен, но сè уште не знаеме точно што се случило. Во селото кружат разни верзии: според една, напаѓач е синот, а според друга – во нив пукал сосед. Во секој случај, многу сме уплашени затоа што не знаеме дали напаѓачот е на слобода. Ја повикав полицијата во Пирот, никој не ми се јави, а сакав да дознаам дали сме безбедни и што се случува. Пријатели и роднини постојано нè бараат затоа што се загрижени, а ние не знаеме што да кажеме, бидејќи ни самите не знаеме што точно се случило“, наведе жителка на Завидинци за локалните медиуми.
Свет
„Телеграф“: Авионот што вечерва се урна кај Суботица паднал на истото место пред три години
Авионот од типот „Пајпер“ (Piper), кој вечерва околу 17 часот се урна кај аеродромот „Биково“ во Суботица, не паднал за првпат – истото летало, регистрирано како YU-DPV, имало несреќа и пред три години, под речиси исти околности, дознава ексклузивно „Телеграф“.
Вечерва, во леталото беа двајца членови на екипажот. Едно лице загина на лице место, додека другото во тешка состојба е пренесено во болница. Падот се случил за време на приодот кон аеродромот Биково, а причината сè уште не е позната. Полицијата, пожарникарите и Итната помош се на терен и увидот е во тек.
Претходната несреќа се случила на 24 септември 2022 година, исто така кај аеродромот Биково. Тогаш авионот ја изгубил силата на моторот за време на школски лет, па екипажот се обидел со присилно слетување. Авионот бил тешко оштетен, но пилотот и пилот-патникот поминале без потешки повреди.
Тогаш биле утврдени сериозни оштетувања: деформирана шасија за слетување, оштетен труп, елиса и крилја. Деталите од вечерешната несреќа допрва треба да бидат утврдени, а се очекува анализа што ќе покаже дали постои каква било поврзаност со претходната историја на летелото.

